45-от, за прв пат хибриден МOT ќе се случува на три сцени, вашите топли домови, МKЦ и Универзална сала.

Објавил: admin@magazin | 23 ноември, 2020 14:19

45. MOT 2020 се отвора со премиера на „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

45. MOT 2020 се отвора со премиера на „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“!

45-то издание на Млад отворен театар ќе се одржи од 24 ноември до 3 декември, со претстави во живо и фестивалски онлајн претставувања.

Ќе бидат претставени 12 продукции во домашна продукција, како и театарските куќи од Словенија, Србија, Грција и Хрватска.

Во десет фестивалски вечери, ќе се видат дури три премиери, „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“, ко-продукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат, перформансот „Screensaver“, развиен во рамки на програмата „Современа кореографија и танц“ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и „Херои 4:33“, во режија на Деан Дамјановски на Театар „Ј. Хаџи-Константинов Џинот“, Велес.

Фестивалот се отвора утре со премиера на Универзална во пламен – трагедија во шест декади“, ко-продукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат (дел од тимот се победниците на Прашкото квардинале за перформанс, дизајн и простор во 2019).

45-от, за прв пат хибриден МOT ќе се случува на три сцени, вашите топли домови, МKЦ и Универзална сала.

Цената на билетите за претставите во живо e 300 денари, а онлајн претставите се бесплатни, но неопходен е билет, бидејќи бројот на гледачи на стримот е ограничен.
Сите билети се достапни преку
www.bileti.mkc.mk*Фестивалот ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Дали Андреа заслужено ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022?

Вчера вечер беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа...

Албумот e првенче на ЗЏМ Рекордс, и претставува албум снимен во живо на концертот одржан во Антички театар, 2019 година.

Денеска во 14 часот ќе се одржи петтото издание на манифестацијата Today It’s All About Jazz Vol.5,

Today It’s All About Jazz Vol.5 Денеска со почеток во 14 часот во МКЦ – кино Фросина, ќе се одржи...