Од Одделот за гинекологија и акушерство во Општата болница во Охрид со надеж бројката да се дуплира следната година.

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2022 14:37

500-то бебе донесено на свет на ГАО Охрид оваа година

Фото/Текст извор: ©ohridnews

500-то бебе беше донесено на свет деновиве во Охрид оваа година.

Од Одделот за гинекологија и акушерство во Општата болница во Охрид со надеж бројката да се дуплира следната година. 

Во изминатите 4 години бројот на новородени на ГАО е во постојан пораст. Споредбено со 2019 и 2020 година постои пораст од 25-30%. Секако тоа е благодарение на залагањето на целокупниот персонал, условите за работа и болнички престој на нашето одделение. Се надеваме дека бројот на новородените ќе биде во позитивен пораст и во годините што следат, вели Д-р Мимоза Влаши, началник на Гинекологија Охрид.

Потенцира дека имаат зголемен обем на работа и го покриваат цел регион, покрај Охрид тука доаѓаат пациенти и од Дебар, Струга, Ресен, Кичево.

Зголемен број имаме на раѓања, интервенции, операции. Добро сме екипирани во однос на персоналот веќе сме шест доктори, а чекаме уште тројца колеги да се вратат од специјализација, вели Д-р Влаши.

2022 година ја оценува како успешна година, а за 2023 година најавува воведување на нови методи со цел ширење на дејноста и овозможување на пациентите да се лечат тука.

Имаме барање до директорот за воведување на нови методи и за гинеколошки и акушерски операции и сме во процедура да ги добиеме тие апарати за да воведеме нови процедури кои ги работат во Клиничкиот центар во Скопје и во Битола, значи во терциерна установа. Се очекува да почнеме со истите од 2023 година. Имаме позитивен одговор од директорот во насока на ширење на дејноста, да можеме да работиме нови интервенции за да не треба пациентите да одат во приватни болници или во Скопје, додава Д-р Влаши.

Годинава на Одделот за гинекологија и акушерство во Охрид, покрај другите интервенции беше изведен и сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...