192 милиони денари или 3,2 милиони евра се испумпани од Фондот за иновации и технолошки развој со фантомски проекти, соопшти в.д. директорот на ФИТР, Никола Додов на денешната прес-конференција за ревизијата во оваа институција. Се работи за 60 фирми за кои се води истрага. И 50 приватни здравствени установи ги злоупотребиле средствата што ги добиле од Фондот. Овие утврдени злоупотреби ќе бидат доставени до надлежното Јавно обвинителство, по кои што ќе се постапува. Додов најави дека Фондот жестоко ќе се бори тие пари да бидат вратени.
Постои и долг за оперативни трошоци од 1.3 милиони евра ненаплатени од поранешното раководство, се преземаат чекори за утврдување одговорност, а за само еден месец 600 илјади евра веќе се наплатени од сегашното, ново раководство.
Директорот Додов соопшти дека во тек е сеопфатна ревизија на исплатените средства за проектите и на самите проекти како се одвивале и одвиваат во моментот. Се истражува и како и по кој законски основ станале корисници на средства од ФИТР.
Постои и основан сомнеж дека со политички договори се дадени огромни средства за проекти, а не според законските прописи и услови на ФИТР.
Се истражува и случај на големи средства дадени во ковид кризата на медицински установи блиски до минатата власт.
Компанија во блиска врска со тогашната власт, поврзана со СДСМ и ДУИ добивала огромни средства од фондот, а истото лице е поврзано и со други 4 компании, каде 80 насто од средствата се префрлаат на сметка на иста компанија, извести директорот на ФИТР, кој најави одговоорност за сериозните неправилности во работата на претходното раководство.
Посочи и дека неколку фирми биле корисници на повеќе грантови за исти, идентични проекти.
Потенцира и дека два „Иновациски“ градови во Македонија се „лидери“ по иновации со најголем број средства од ФИТР по глава на жител.
Во Фондот се само 8 лица вработени со редовен работен однос. Повеќе лица земале хонорари од 60-на илјади денари, не оделе на работа, а само тројца запишани со редовно работно време, дел запишани како „експерти“ одбивале да ги извршат своите задачи
Се работи на поднесување кривични, а на следната прес-конференција в.д. директорот Додов најави дека ќе извести поконкретно за кривичните пријави.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.