Во националната галерија на изложбата се претставени 150 листови архивска документација а за тоа сведочи ценетата институција која остана на највисоко сите овие 70 години.

Објавил: Сара Фемина | 8 декември, 2018 14:42

70 години од постоењето на Македонската национална галерија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Националната галерија на Македонија , како и пред 70 години, кога е основана, е истовремено неопходна и многу ценета институција.

Директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, во својот  говор рече дека на изложбата се претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, и начинот на раководење од страна на сите успешни вработени луге, кои се грижат сите години од нејзиното основање.

Уметничките гени се присутни во семејството Старова. Татко ѝ е истакнатиот писател и академик Луан Старова и заедно со мајка ѝ, професорката и судијка Гзиме Стaрова, израснале три ќерки, а секоја од нив се зaнимава со некоја уметност. Директорката на националната галерија Дита Старова Ќерими.

Ние сме денес горди, но и исполнети со големо чувство на одговорност што на нашата генерација ѝ е дадена историска можност да биде современ дел од синтезата со големите основоположници на Галеријата, со нивната обединувачка акција и богатото ликовно творештво, пред сѐ со основоположниците на македонската ликовна уметност и на Националната галерија на Македонија: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Димчо Кочо и другите уметници од тој период – истакна д-р. Дита Старова Ќерими.

Актуелниот премиер на владата на Република Македонија Зоран Заев присуствуваше на 70 -от јубилеј на Македонската национална галерија.

Сето претставува потсетување и оддавање на голема почит на сиот напор сите овие години , не само од страна на тимот кој ја водел Уметничката галерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста и двигател на културниот живот во Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”.

Овде, во Националната галерија на Македонија, од прва рака, со децении може да се почувствува врската помеѓу генерациите истакнати македонски уметници и нас, нивните потомци, и понатаму меѓу нас и нашите потомци. Националната галерија на Македонија, за нас претставува многу битна алка во развојот на меѓуетничкиот и мултикултурниот дијалог помеѓу разни групи и култури во нашата Република Македонија. Промовира посебно разбирање а со тоа и поголема вредност на нашето колективно културно наследство будејќи дополнително љубопитство еден за друг, за рефлексијата на нашето заедничко општество – порача Заев.

Исто така на јубилејот говореше и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Таки Фити, кој подвлече дека МАНУ и НГМ имаат една природна поврзаност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Со писмо од 19 март 1907 година, Јован Бабунски, како шеф на Горскиот штаб им се обраќа на селаните од селото Сенокос, Прилепско, а потписите на штабот се заверени со печат.

Да не беа Охриѓани немаше да се основа Охридската архиепископија!

Во 1890 година, сто и дваесет охриѓани, признавајќи дека долго биле заблудени од Бугарската...

„Ако гледачот успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе, тогаш мислам дека ќе го засака филмот.

МОДЕН ПОГОДОК НЕОДОЛИВА И СЕКСИ: Фетаи на црвениот тепих блескаше во модерна комбинација!

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи вчеравечер беше присутна на премиерата на филмот...