Новите случаи се забележани во: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Објавил: Владо Марин | 30 јули, 2021 13:59

74 нови случаи на Ковид-19, двајца починати и 17 оздравени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 74 нови случаи на Ковид-19, при направени 4.582 тестови. Оздравени се 17 пациенти, а двајца починале.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип  и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Од двајцата починати, едно лице било од Скопје, а другото од Кичево. И двата пациенти биле постари од 60 години и починале во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.

Досега во државата се направени 971.395 тестирања на Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Нови препораки има за трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници без оглед на возраста и кај сите со имунокомпромитирана состојба, рече Филипче кој појасни дека третата доза ќе биде од производителот Фајзер, а препорачливо е истата да се прими шест месеци по првите две дози

Филипче: Се препорачува трета доза од вакцината против ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека се...

Само со вакцинација, како што посочува Филипче, можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното.

Пристигнаа 110.612 вакцини на „Фајзер”

Денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек”.  Пристигнатите...

Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани.

Вакцинацијата тече непречено, вакцинирани над 12 илјади граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска...