Во интерес на иднината на граѓаните и на државата, СДСМ останува определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2020 14:56

8 години од смртта на претседателот Киро Глигоров: Делегација на СДСМ положи цвеќе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 8- годишнината од смртта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ положи цвеќе.

Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Магдалена Несторовска од Форумот на жени на СДСМ и Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар положија цвеќе на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, денеска.

СДСМ, како и граѓаните на Република Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров за нашата земја, кој изгради мостови на соработка и заедништво како внатре во општеството, така и во светот и со тоа го зацрта патот на интеграција и развој, кој и денес со гордост го одиме.
Во интерес на иднината на граѓаните и на државата, СДСМ останува определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.
СДСМ – Центар за комуникации

Глигоров имал активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Така тој бил автор на прашањето поставено на референдумот одржан на 8 септември 1991 година: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

Киро Глигоров активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.

Во февруари 1990 година се вклучил во Македонскиот форум за подготовка на македонска национална програма. Глигоров активно учествувал во работата на овој форум на кој се разгледувала ситуацијата во Југословенската Федерација и можностите за разврската со осамостојување на Социјалистичка Република Македонија.

По изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 25 јануари 1991 година, Глигоров бил избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија на 27 јануари 1991 година.

На 7 март му го доверил мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...