Заев има 2/3 мнозинство во Уставен суд, што се покажа за иницијативата за референдумот, сега му треба и 2/3 мнозинство за имипичмент на Иванов, кој му е правна "пречка"

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 21:02

80 пратеници за уставни измени, но и 80 пратеници за импичмент?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Теророт за вечерашното можно обезбедување на 2/3 мнозинство за уставни измени, правно познат како 80 пратенички гласа во поддршка, Заев не така наивно сака да го реализира сега и тоа со финансиски гаранции.

Имено Уставните измено се носат во три фази. Првата е одобрување од пратениците за пристапување кон уставни измени. Се гласа со 2/3 мнозинство.

Втората е носење на уставните измени, амандмани и нова Преамбула, тоа е процес за кој се бара поддршка од просто мнозинство од 61 пратеник.

Третата фаза е гласање на уставните измени за нивна имплементација, за што повторно е потребна поддршка од 80 пратеници.

Она што Заев го знае е дека правно, по Устав на Македонија, и Уставните измени мора да ги потпише носителот на државноста и суверенитетот на Македонија, претседателот Ѓорге Иванов.

Затоа и денешниот притисок или игра на “all in” со што Заев сака да постигне две цели.

Имплементирање на уставните измени согласно Преспанскиот договор, кои веднаш по третото финално гласање ќе се соочат со вето и т.н. џебно вето на Иванов.

Меѓутоа 80 пратеници е и бројот неопходен за гласање недоверба, т.е. отповикување на претседателот од функцијата, што е позната и како импичмент.

Со тоа Заев ќе им удоволи на ДУИ кои не сакаат предвремени парламентарни избори оваа есен и зима, па согласно законските рокови, уставните амандмани, евентуално би се усвоиле во февруари, по што Заев би ги искористил 80-те пратеници, од кои некои скапо платени во обид да го уцени Иванов да ги потпише.

Можеби недостатокот на политички аналитичари е проблемот што во Македонија никој не го разбра обидот на Заев по секоја цена и терор вечерва да ги гласа уставните измени но и да ги обезбеди гаранциите од купените пратеници за нивна верност.

Устав на Република Македонија

Член 87

Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.

Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

Ако се земе изјаснувањето на Уставниот суд по однос на референдумот за Преспанскиот договор за промена името, кога се гласаше со 2/3 мнозинство, т.е. 7 Уставни судии беа “против” а само двајца “за” преиспитување на установста, тогаш извесно е дека Заев ќе се обиде и на ова поле.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести