
Македонија
Вести
Скопјанка на возраст од 91 година, вчера во 15 часот во СВР – Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа – прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор, требало да плати.
– Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината снаа, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, потенцираат од МВР.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.