Политичкиот реваншизам на Алаѓозовски кон уметниците продолжува

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2018 10:46

Aлаѓозовски се обидел да го минира настапот на Дурловски

Фото/Текст извор: ©magazin

Од неофицијални извори се дознава дека поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски се обидел да ја опструира оперската претстава Турандот во која настапи Игор Дурловски.

Oд анонимни извори се дознава дека по објавување на фб статус на Игор Дурловски дека ќе настапи во оперската претстава Турандот во рамките на Мајските оперски вечери, Алаѓозовски се јавил во дирекцијата на Македонската опера и балет со барање да се повлечат билетите за претставата од продажба. Дирекцијата постапила по барањето на Алаѓозовски при што само 5 7 дена пред одржување на претставата, билетите не беа достапни ниту во билетарата на МОБ, ниту пак на интернет.

На заинтересираните љубители на операта, вработените на билетарата на МОБ одговарале дека билетите за претставата Турандот биле повлечени од продажба на барање на дирекцијата на МОБ.

Со намера да го деградира Дурловски, Алаѓозовски имал намера да донесе затвореници на претставата од затворите Идризово и Шутка. На неговата идеја реагирале дел од вработените, но и поради поради краткиот период во кој требало да ги организираат безбедносните мерки за гостувањето на затворениците, дирекцијата сепак се откажала идејата и повторно овозможила достапност на билетите за својата редовна публика.

По величествениот настап на Игор Дурлловски публиката ја прекина претстава за невообичаено долго време скандирајќи го неговото име во знак на поддршка за неговото враќање на сцената на Македонската опера и балет.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Опера