Претседателот на Демократската Унија за интеграција вели дека не го сторил тоа бидејќи знаел дека секоја поделба на Македонија ќе биде штетна за Албанците но и за Македонците. Тој вели единствена цел била да ги постигнат своите цели да имаат свој јазик и симболи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јануари, 2020 21:36

Aхмети: Високи функционери ми понудија поделба на Македонија но одбив

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Али Ахмети, лидерот на ДУИ во интервју за „ABC News“ открива дека во минатото му била понудена поделба на Македонија врз етнички линии, но тој ја одбил таквата понуда.

Али Ахмети  е лидер на Демократската унија за интеграција. Претходно бил политички лидер на ОНА. Има забрана за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи се смета за закана по општата безбедност.Ахмети завршил литература во Тирана. Во 1980 станал член на илегалната организација „Марксисти-ленинисти на Косово“. На 5 мај 2002 во Домот на културата во Тетово, ја промовирал политичката партија ДУИ, составена главно од поранешни команданти на ОНА, на чија како единствен кандидат е избран за претседател.На Ахмети му била дијагностицирана шизофренија од страна на психијатри во Швајцарија, поради што и беше прогласен за неспособен за труд.
Одлежал две години затвор за „противуставна дејност“ во Македонија. Голем дел од етнички македонските граѓани на Македонија го сметаат за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во Тетовско, работниците на Маврово, масакр кај Карпалак, масакр кај Вејце, исклучување на водата за пиење за Куманово од браната Глажња. По случајот на 12 киднапирани Македонци од Тетовско, адвокатот Ванчо Шехтански побарал притвор и кривично гонење на Али Ахмети.

Претседателот на Демократската Унија за интеграција вели дека не го сторил тоа бидејќи знаел дека секоја поделба на Македонија ќе биде штетна за Албанците но и за Македонците. Тој вели единствена цел била да ги постигнат своите цели да имаат свој јазик и симболи.

„Секоја поделба на оваа земја ќе биде штетно, многу штетно за Албанците, но и за Македонците. Оти не може да се поделат работите како со нож. Ќе имаше малцинства и таму и ваму. Ќе се отвореа нови рани. Ние не прифативме поделба на Македонија. Јас сум им кажал и на македонските политичари дека оваа држава е моја, колку што е и нивна. Сакам да ги имаме нашите симболи и јазик. Ние ги постигнавме овие цели. Имаме универзитет, јазик во Собрание и институции и наши симболи“ – истакна Ахмети.

Ахмети открива дека на престојните избори закажани за 12 април ДУИ ќе излезат сами и нема да коалицира со ниту една друга албанска или македонска политичка партија.

Ахмети ја шокираше јавноста откако во интервјуто говори за тоа како високи функционери му нуделе поделба на државата. 

Ова не е прв пат Ахмети да изјави дека му било понудено поделба на Македонија. Тој во интервју за албанската телевизија Клан во 2014 година рече дека поделбата на Македонија му ја нудел поранешниот македонски премиер, Љупчо Георгиевски, во времето додека Ахмети беше дел од ОНА во 2001 година.

Ахмети тогаш откри дека му биле понудени Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, и Липково. Според тоа околу   60.000 Македонци доколку го прифател ваквиот предлог би биле иселени од западниот дел на Македонија, кој би се споил со Албанија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести