Изборот на читателите за „Best Cars 2019“ од „auto motor und sport“ е едно од најголемите признанија за европската автомобилска индустрија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 февруари, 2019 16:17

Audi Q3 ја доби наградата „Best Cars 2019“

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новиот Audi Q3 се обележа како победник веднаш откако се појави на пазарите, oсвојувајќи ја првата награда во категоријата „Компактни SUV / off-road“ возила во изборот на читателите на „Best Cars 2019“ од германскиот технички магазин „auto motor und sport“.

Изборот на читателите за „Best Cars 2019“ од „auto motor und sport“ се смета за едно од најголемите признанија за европската автомобилска индустрија.

385 модели се натпреваруваа во единаесет категории а се одржува веќе 43 година по ред. Секој од читателите има право на два гласа за секоја категорија: Audi Q3 се натпреваруваше против 56 конкуренти во категоријата “компактни SUV / off-road возила” и победи со 14,4 проценти од гласовите.

„Оваа награда е важна за нас, бидејќи потврдува колку добро концептот на новиот Audi Q3 го примаат клиентите. Компактниот SUV со сигурност покажува што може да направи. Поради своето одлично меѓуоскино растојание, сега е поголем токму каде што семејствата имаат потреба од простор. Покрај тоа, сега е уште повеќе разновиден. Неговиот дигитален, интуитивен концепт на работа со инфо-забавниот систем преку дисплејот, како и неговите иновативни системи за помош, доведуваат до целосна доминација во компактниот сегмент, со што Audi Q3 претставува совршено возило за сите возачи“, вели Јенс Рикерт, Продукт Менаџер на производителот, кој ја прифати наградата на церемонијата во Штутгарт.

Почетоците на „Ауди“ датираат од 1899 година, кога германскиот инженер Аугуст Хорх, основал ортачка автомобилска фирма, а десетина години подоцна основал потполно сопствена фирма, нарекувајќи ја според латинскиот превод на неговото презиме – „Audi“. Во 1932 година, неговата фирма се споила со три други автомобилски фирми: „DKW“, „Horch“ и „Wanderer“, формирајќи ја заедничката фирма со името „Auto Union AG“.

[ngg src=”galleries” ids=”32″ display=”pro_horizontal_filmstrip”]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...