Реномираниот „BBC“ направи реконструкција на пожарот во во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Објавил: Калина Мартинска | 20 март, 2025 17:06

„BBC“ Направи реконструкција на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Реномираниот „BBC“ направи реконструкција на пожарот во во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Според нив, два фактори се клучни за тоа зошто и како огнот толку брзо се распространил низ објектот кој како што нагласуваат и тие, имал само еден влез и излез.

-Ова е најсмртоносниот пожар во ноќен клуб во Европа во последната декада. Но, зошто толку многу луѓе загинаа во ноќниот клуб „Пулс“ во Македонија? Најпрво да го погледнеме просторот. Тоа порано било магацин за складирање на теписи и властите велат дека немал соодветна лиценца за оваа забава. ДНК почнуваат со настапот внатре. Најдовме најмалку три различни видеа кои покажуваат пиротехника пред сцената, со што започнува огнот. Кратко време потоа, луѓе се обидуваат со против пожарни апарати да се обидат да го спречат. Првиот смртен фактор е дека таванот е направен од запаливи материјали, а ѕидовите од гипс картон не се отпорни на оган. Пламенот се шири низ зградата. Тука може да видите луѓе како се обидуваат да излезат надвор. Вториот фактор е недостатокот на излези во случај на пожар. Властите велат дека имало само еден излез, а тоа било назад зад главниот влез. Постоел овој наводен излез за итни случаи позади. Но, јавниот обвинител вели дека вратата била заклучена, но и онака немало рачка на вратата од внатре. Тоа значело дека околу 500 луѓе, морале да се обидат да излезат од каде што дошле, со што се создало стампедо и така висок степен на смрттни случаи.

 

https://www.bbc.com/news/videos/cpdepl071jlo

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести