За само 24 часа CIA доби 26.400 следбеници, но таа никого не следи на друштвените мрежи. Освен на Инстаграм, CIA има профили и на Твитер и Фејсбук.

Објавил: Сара Фемина | 26 април, 2019 19:44

CIA ОТВОРИ ПРОФИЛ НА ИНСТАГРАМ: За 24 часа CIA доби 26.400 лајкови, но тие никого не следат !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) отвори профил на друштвените мрежи „ИНСТАГРАМ„ 

Профилот е отворен во четвртокот, а првата фотографија која е објавена на Инстаграм ја прикажува работната столица на еден од вработените, на коа се гледа перика, часовник, печат, хартија и книги.

За само 24 часа CIA доби 26.400 следбеници, но таа никого не следи на друштвените мрежи. Освен на Инстаграм, CIA има профили и на Твитер и Фејсбук. 

Сајт Вериж потсетува дека директорката на CIA, Џина Хаспел претходната недела изјавила дека агенцијата има намера да гради свое присуство на друштвените мрежи, Инстаграм. Портпаролката нa CIA Челзи Робинсон изјави дека приклучувањето на Инстаграм е уште еден начин агенцијата да биде подобра и поуспешна.

Првата фотографија на Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) на друштвените мрежи ИНСТАГРАМ.

Централната разузнавачка агенција или CIA е народна разузнавачка служба на владата на Соединетите Американски Држави која дава отчет на Директорот на државната разузнавачка служба, и е одговорна за обезбедување на државна разузнавачка безбедност на надредените политичари на САД. CIA исто така е вмешана и во тајните активности нарачани од Претседателот на САД.

Формирањето на CIA произлезе од Уредот за стратешки услуги (скратено ОСС) формирана за време на втората светска војна да ги координира шпионските активности кај непријателите за организациите на Американската војска.

Со државниот акт за безбедност во 1947 година се формираше CIA која немаше полициски и правни овластувања во земјата и странство.

Денес CIA сѐ уште има бројни заеднички активности со разузнавачките служби од други земји. Седиштето на CIA е во Лангли, Меклин во округот Ферфакс во Вирџинија, одалечена само неколку милји од седиштето во Вашингтон по реката Потомак. Некогаш CIA е позната по сугерирањата во владата и војската под името на Други владини служби, особено кога некои активности во некоја ообласт се јавна тајна, исто така може да се сретне под името Дружината (анг. The Company) и Агенцијата (анг. The Agency).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Имено старлетата беше на тапет и во српските медиуми, поради непочитувањето на мерката за домашно лекување и самоизолација, а наместо тоа таа се шетала во ноќните клубови и при тоа позирајќи за време на нејзината прва посета на Белград по пандемијата.

Уапсена старлетата Александра Накова- не го дочекала вториот негативен тест на Ковид-19 и се шетала

Македонската старлета, Александра Накова била уапсена вчера во Гевгелија.Триесет...

Оргии, дрога, проститутки, затворски казни - сето ова и далеку повеќе го обележаа животот и кариерата на овој славен спортист.

ОД ПРЕМНОГУ С*КС НЕМОЖЕЛ ДА ОДИ: Животот на славниот боксер во царство на дрога и проститутки!

На денешен ден во 1966 година, во Њу Јорк роден е легендарниот боксер Мајк Тајсон. Во 1992...