Годинешната програма на CINEDAYS е селекција на Бернд Будер, и таа е намалена, следствено на фестивалските денови.

Објавил: Владо Марин | 15 септември, 2020 13:32

CINEDAYS- ФИЛМ НА СЕКОЕ ПЛАТНО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Септември за прв пат е во исчекување на 19-от меѓународен фестивал на европски филм – CINEDAYS, кој годинава се одржува во нов термин, од 18 до 24 овој месец.

Под слоганот „Филм на секое платнo“, програмата на 19-от фестивал на европски филм – CINEDAYS ќе ја пресретнуваме низ Скопје на девет локации: Градски парк, МКЦ парк, Парк Ибни Пајко, Кино Влае, Парк Кисела вода, Кино Напредок, Кино Маџари, Дом на градежници „Кочо Рацин“ и кровот на ГТЦ.

Годинешната програма на CINEDAYS е селекција на Бернд Будер, и таа е намалена, следствено на фестивалските денови.

Во неа ќе ги погледнеме најновите остварувања на Озон, Пуиу, Винтенберг, Срѓан Голубовиќ, а таа нуди и доста македонски филмови и копродукции што „гравитираат“ во неколку нови и веќе познати програмски целини: Официјална селекција, Гала програма, Музички документарци, МК во ЕУ, МК премиери, SEE програма, ФДУ ретро, Детска програма, музичка селекција од концерти воспецијалната програма на фестивалот – cinEmusic и др.

Во рамки на овогодишното издание за прв пат имаме POP-UP КИНО, кое ќе ги оживее најавените локации. Во рамки на POP-UP КИНО ќе погледнеме синхронизирани детски филмови на локацијата на киното во Кисела Вода, потоа најдоброто од CINEDAYS од изминатите години во ретро-програмата, потоа во соработка со ФДУ ќе погледнеме студентски и дипломски филмови на режисерите од поновата генерација како Вардан Тозија, Тамара Котевска, Даријан Пејовски и Атанас Георгиев.

За прв пат по долги години отворањето и затворањето на фестивалот е со македонски премиери.

Отворањето на фестивалот е со светската премиерата на првиот македонски семеен детски филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ, во продукција на Дрим фактори. Затворањето на фестивалот е со македонската премиера на „ХОМО” на Игор Иванов – Изи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Во рамките на културно-уметничката е вклучен и аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Моќта на нашата држава е во нашата разноликост и капацитет да се обединиме како едно

Со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално...

Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Дефиле на македонскиот општествен мозаик, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси се дел од програмата пред Собранието за 30 години независност

Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста денеска ќе започне пред...

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се...

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела...