– Ќе ни кажете ли што беше тема на разговорот на вечерата која што ја имавте со Бојан Јовановски и Катица Јанева, вечерта овие двајца обвинети земале 1.000.000 евра од Орце Камчев?

Објавил: Валерија Петрова | 29 октомври, 2019 13:32

CPAMOТА, ГОСПОЃО ШЕКЕРИНСКА: Што разговарала министерката на вечера со Боки13 и Катица Јанева?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

И повторно истата досадна реторика, која веќе навистина никаде не „пали“ – освен можеби пред неупатените бирократи на меѓународните организации. Наместо одговор на прашањето, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се впушти во обвинувања за ширење на „лаги“, квалификувајќи медиум за „одработување за нечии агенди“, пишува Инфомакс.мк

И сета оваа какафонија од устата на вицепремиерката Шекеринска доаѓа 30 секунди откако истаа таа зборуваше за „слобода во медиумите“ која токму тие – СДСМ, ја донеле во Македонија – иако нејзината прес конференција ја снимаше човек кој беше апсен бидејќи снимал протести, и новинар кој е под закана за прогон бидејќи објавил информации за вмешаност на највисоките владини функционери во аферата „Рекет“


А, прашањето беше едноставно:

– Ќе ни кажете ли што беше тема на разговорот на вечерата која што ја имавте со Бојан Јовановски и Катица Јанева, вечерта овие двајца обвинети земале 1.000.000 евра од Орце Камчев?

Ова прашање беше причина Шекеринска повторно да влезе во пресметка со нашиот медиум, па обвинувајќи за „лажни вести“, самата таа генерираше лажна вест:

-Првото прашање ви е базирано на лага која што ја повторувате на секоја прес конференција. Јас како човек кој го почитува правниот систем на оваа држава чекам вистината да ја објават и обвинителството и судските органи, меѓутоа еве ќе искористам прилика да го замолам „Инфомакс“ да престане да шири лаги. – рече Шекеринска одговарајќи на прашањето на Митовски.

Тажно е кога ќе слушнете како човек кој треба да биде одговорен и отчетен пред граѓаните, човек кој постојано зборува за вистината и борба против лажните вести – намерно или случајно да „заборава“ што кажале токму обвинителството и судските органи за информациите кои ги објави „Инфомакс“.

Токму обвинителката Вилма Русковска, која ден по објавувањето на сознанието дека Шекеринска била на вечера со Боки 13 и Катица Јанева истиот ден откако овие земале рекет од Орце Камчев, ја потврди веродостојноста на информацијата. Колку за потсетување, обвинителката во изјава за новинарот Саше Димовски потврдно одговорила на прашањето дали записникот е веродостоен.

-Пред половина час разговарав со јавната обвинителka Вилма Рускоска од обвинитeeлството за организран kpиминал и кopупција. И еве на самиот старт една ексклузивна информација дека записникот кој е објавен е точен и тоа е приjaвата која што ја поднесува Орце Камчев на 2 мај оваа година во обвинитeeлството. Како што вели Вилма Рускоска овој зaaписник е даден на 15.07.2019 година заедно со предлогот за притвop за Бојан Јовановски и Зоран Кичеец во Kpивичниот cyд, пренесе новинарот Саше Димовски на 24 август оваа година.

Превземено од ИНФОМАКС

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Сега во моментов се замрзнува прогресивниот данок, па повторно нешто ќе анализираме неколку години па ќе видиме што е најдобро решение.

ДЕТЕКТОР: Власта не се откажува од прогресивниот данок и покрај одлуката за негово замрзнување

Економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи за Детектор открива дека во...

1200 евра месечен хонорар за амбасадорот Виктор Габер, по 1000 евра месечно за Проф. Људмил Спасов и за Доц.д-р Ана Чупеска!

СКАНДАЛ: Советникот на Димитров зема плата колку претседателот Пендаровски!

Кој како си ја наредил, толку пари ќе си лапне. Магазин дојде до документи кои укажуваат...

Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.

КИРАЦОВСКИ: Звучам иронично, но после се што се случуваше во Македонија ПРАВДА МОРА ДА ИМА!

Политиката е специфична и комплицирана дејност и наука. Понекогаш во истата, постојат...