Ентони Кауфман од „Скрини интернешнал“ по премиерата изјавил: „Бев скептичен, но откако го гледав се убедив дека гласините кои се ширеа на Санденс за македонскиот документарец ‘Медена земја’ се вистинити. Овој документарец е совршен колку што еден документарец би можел да биде“.

Објавил: Весна Петровска | 15 јануари, 2020 8:24

(Full Documentary) ПРЕМИЕРНО ГЛЕДАЈТЕ ГО „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ – македонскиот документарец кој испиша историја!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев. Музиката во филмот е на „Фолтин“.

Ентони Кауфман од „Скрини интернешнал“ по премиерата изјавил: „Бев скептичен, но откако го гледав се убедив дека гласините кои се ширеа на Санденс за македонскиот документарец ‘Медена земја’ се вистинити. Овој документарец е совршен колку што еден документарец би можел да биде“.

Во рецензијата од Шери Линден од „Холивуд рипортер“, меѓу другото стои: „Во оваа ера на кризи на изумирање, загрозени природни живеалишта, безобѕирно профитирање, ‘Медена земја’ раскажува приказна со универзален одглас, дури и кога открива заборавено место, кое е толку специфично и необично, што повеќето современи луѓе од западниот свет никогаш не би можеле ни да го замислат“.

„Исклучително рафинираното чувство за препознавање на уникатниот документаристички филмски јазик и повеќеслојноста во овој наратив беше провокација за публиката која по премиерата, во минутите определени за прашања и одговори, настапи со огромна љубопитност и многу комплименти и според еден од организаторите на Санденс, ова е еден од ретките документарци на фестивалот, воопшто, на кој целата публика останала на прашања и одговори по филмот“, велат од екипата.

Во продолжение погледнете го целиот документарец кој е номирниран за две награди на овогодинешните Оскари кои ќе се случат на 10. февруари.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.