Вчера

Објавил: Калина Мартинска | 15 март, 2025 12:10

In memoriam: Почина еден од доајените на македонската адвокатура, Никола Поленак

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вчера, по кратко боледување, на возраст од 78 години почина еден од доајените на македонската адвокатура, Никола Поленак.

Својот професионален пат го започна во Скопскиот општински суд како истражен судија, со што стана најмлад судија во поранешна Југославија. Кариерата ја продолжи како адвокат во 1976 година, со континуиран ангажман во бројни судски постапки и значајни правни процеси се до неговото повлекување во пензија во 2016 година. Во својата долгогодишна кариера како адвокат, Никола Поленак подготвувал одбрана во преку 2000 предмети од кривичната материја. Зад себе остави богата правна пракса и втемелена професионална етика.

Посмртните останки ќе бидат изложени на 16.03. Недела во 12 часот, во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести