Карбинци конечно го реши проблемот со собирањето на смет во општината. По пат на донации и кофинансирање е обезбедено ново комунално возило кое во наредниот период ќе биде ставено во функција и на околу 700жители во подплачковичките села кои досега мака мачеа со депонирањето на отпадот кој го создаваат.
„Услугите ќе успееме да ги зголемиме, а тоа значи дека во следна фаза ќе бидат опфатени подплачковичките села, со тоа што претходно немаше можност да бидат опфатени во собираањето и депонирањето на комуналениот отпад“, изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.
„Ние како Министерство за локална самоуправа и во иднина заедно со нашите странски донатори ќе продолжиме да работиме на раст и развој на општините. Практично и како влада сме насочени кон ова со објавувањето на јавниот повик преку кои ќе се искористат 100милиони евра за инфраструктурно капитални проекти. Вече знаете за следната година се предвидуваат нови 250милиони евра„ изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.
Набавката на возилото е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“. 30% од средствата ги обезбеди општината, а останатите се финансирани од УНДП и Амбасадата на Швајцарија во Македонија.
„Ние сметаме дека демократијата започнува од локално ниво, каде граѓаните работат и соработуваат со локалните власти. Токму тоа е тоа што овој прооект го постигнува, односно интересите на граѓаните се земаат во предвид при донесуваањето на одуките од страна на општината“, изјави Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија.
Министерот Перински ги повика и останатите градоначалници да се вклучат во програмите со кои преку странски донатори може да се зајакнат капацитетите на општините, со што ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.