Продолжен викенд

Објавил: Калина Мартинска | 24 мај, 2024 10:02

Kилометарски колони на Богородица“, нервозните граѓани пушат по цели кутии цигари додека влезат во Грција

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Според видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ во овој момент се гледа голема фреквенција и гужва на граничниот премин „Богородица“ за влез кон Грција.

Освен тоа може да се забележат и голема фреквенција на луѓе излезени од своите автомобили кои чекаат во редот за да поминат пасошка контрола, а на дел од кадрите се гледаат и некои луѓе со бебиња како се шетаат надвор додека нивните автомобили се заглавени во редот.

Инаку гужвите за влез во Грција започнаа вчера попладне кога исто така имаше голем наплив на автомобили на „Богородица“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести