Во џез формацијата Сетстат, членуваат: Владан Дробицки – тромбон, Павел Дробицки -бас, Панче Бујуклиев -клавијатури, Гоце Наумов – тапани и Васко Бојаџиски – саксофон.

Објавил: Македонка Димкин | 8 март, 2019 22:25

Kонцертна промоција на нов албум од „Сетстат“ во Станица 26

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На 15ти март, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, закажана е концертна промоција на 9-от по ред албум „IX9“ на џез формацијата „Sethstat“. Концертниот настап е во организација на ПМГЏЕЗ и 3Гонга.

Дискографската куќа PMGJazz, која е огранок на PMG Recordings стои зад овој албум. Нивната соработка започна во 2015та година кога ПМГ Рекордингс го издаде нивниот 8ми албум „Се плашам од Македонци“. Соработката прерасна во заедничка визија и пријателство, која во 2018та резултираше со создавање на дискографската куќа ПМГЏез, специјализирана за џез музика. Овој нивен најнов албум е 4то издание на ПМГЏез како лејбл.

Во џез формацијата Сетстат, кои се своевидни титани на современата македонската џез музика членуваат: Владан Дробицки – тромбон, Павел Дробицки -бас, Панче Бујуклиев -клавијатури, Гоце Наумов – тапани и Васко Бојаџиски – саксофон.

„Деветка“ без трошка сомнеж е досега нивниот најкомплетен и најзрел албум. Обмислена, студиозно компонирана, аранжирана и виртуозно отсвирена музика. Од болно убави музички парчиња до длабоко екпериментални импровизации. Од фуриозни панк-фанк бркотници, до грациозни емоционални мигови.


До последен момент не знаевме како ќе звучи албумот. До овие песни дојдовме низ макотрпен процес на селекција. Снимивме точно 9 саати музика, која потоа детално ја преслушувавме и анализиравме, како би можеле да продолжиме со процесот. На избраните парчиња потоа уште 2 месеци доработувавме. Оваа музика е сублимат на многу наши истражувања и експериментирања. Некако си ги избрусивме вкусовите, афинитетите и се трудевме да бидеме концизни во музичката мисла. Аранжмански погледнато, звукот го проширивме во вертикала“, вели Дробицки.


ПМГ Рекордингс е водечка независна дискографска куќа во Македонија, која постои и работи од 1998ма година. Од мал „Do it yourself“ лејбл, таа во изминативе 20 години прерасна во вистински дом на македонската нова алтернативна музичка сцена и е одговорна за издавање на преку 200 носачи на звук на бендови од поновата генерација како: Беи Д Фиш, Бернајс Пропаганда, Д Џон, Александар Пејовски, Мухамед Ибрахими, ПМГ Колектив, Роботек и многу други. Длабоката верба и сериозната потреба за постоење на домашно музичко издаваштво и полетниот ентузијазам се доволни причини да ги засили своите активности, креирајќи ограноци на куќата специјализирани за електронска и џез музика.

Сетстат е еден од најискусните, најквалитетите и како изведувачи, еден од најподготвените бендови во земјава. Речиси 30 годишното постоење и активно музицирање на сцената ги донесе на ниво на музичари, кои внимателно се следат и од музички, но и од технички аспект. На концерт – промоцијата за нивниот 9ти албум, публиката може да очекува прецизна, фуриозна и елегантна свирка, која едноставно никого не може да го остави рамнодушен. Атак на сите сетила, во час и половина колку ќе трае настапот и тоа од група музичари, кои уживаат во сопствената зрелост.

Влезниците можат да се набават преку продажните мрежи на kupikartizase.com и karti.com.mk по цена од 250 денари, непосредно пред отпочнувањето на концертот на билетара цената ќе биде 300 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...

Концертот ќе започне во 20. 30 часот со настапот на домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

ЛЕПА БРЕНА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово!

Српската звезда Лепа Брена вечерва ќе одржи концерт на Градскиот плоштад, по повод...

На плоштадот Македонија планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.

„Бјело дугме“ со бесплатен концерт за 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

На 17- ти ноември, Скопје ќе го слави Денот на ослободувањето на градот со концерт на...