Наводно таа само цитирала индикатор, на кој се базираат политиките на МТСП, кој посочува дека на годишно ниво на едно класично семејство со четири члена (2 деца до 14 години), годишно му се потребни 203.700 денари, што поделено на 12 месеци подразбира дека тоа семејство може да живее со само 17.000 денари, притоа погрешувајќи го и називот на индикаторот.

Објавил: Весна Петровска | 11 ноември, 2019 15:00

Kој ја изврте Мила Царовска дека со 17.000 денари се поминува месецот?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

За потребите на едно четиричлено семејство доволни му се 17.000 денари! Вака барем изјави вчера министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, споделувајќи лаекенски индикатор објавен од страна на Државниот завод за статистика, за подоцна да ги обвини медиумите дека ѝ ја извртеле изјавата околу тоа колку пари му се потребни на едно семејство со две деца до 14 години да го преживее месецот, пишува Република.

Наводно таа само цитирала индикатор, на кој се базираат политиките на МТСП, кој посочува дека на годишно ниво на едно класично семејство со четири члена (2 деца до 14 години), годишно му се потребни 203.700 денари, што поделено на 12 месеци подразбира дека тоа семејство може да живее со само 17.000 денари, притоа погрешувајќи го и називот на индикаторот.

Каде е тука извртувањето на изјавата? Царовска се правда дека политиките на министерството не можат да се базираат на претпоставки колку пари се навистина потребни за нормален живот на едно семејство, туку се базираат на лаекенски идикатори, но останува фактот дека таа кажа сума потребна за преживување на едно семејство. Е сега што тоа предизвика револт кај луѓето кои се свесни дека со 17.000 денари, не само што не може да се живее, туку и да се преживе, е друга работа.

Всушност, таа самата е свесна дека постои дискрепанца меѓу живот и квалитетен живот, на што алудира во својот Фејсбук статус, објавен по емитување на емисијата „Детектор“, каде што таа ги изложува своите видувања на темата колку пари се потребни за живејачка, нагласувајќи дека пресметките на статистика и синдикатот се разликуваат и тоа драстично. На крајот таа заклучува дека бројките на синдикатот или статистика треба да се основа за креирање политики, но не појасни зошто како критериум е земена пресметката на статистика, а не на сидикатот, која е двојно повисока од онаа на статистика.

-Во емисијата „Детектор“ споделувам индикатор објавен минатата недела од Државниот завод за статистика, а не изразувам мој став. Во текстот подолу ја има целата изјава во која цитирам два извора кои објавуваат потребна сума на пари за живот во текот на месецот. Едниот е од синдикатите другиот од статистика. Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики – пишува во статусот Царовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

СТИГНА КАЗНАТА- БОГ Е ГОЛЕМ: 19 години затвор за обвинетата за убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо –...

На 15 јули в среда ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата.

Почна тридневното гласање на парламентарните избори: Днеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација!

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот...

Сменија, продадоа се што можеа да продадат, буквално се се проблематизираше, па до она денеска последното, историјата и јазикот. Да го сопреме губењето на Македонија. Го кажувам ова сега за да немаме дилеми во иднина. Сега е моментот да гласате за Македонија, потенцираше Мицкоски од Штип!

Мицкоски: На 15- ти јули е последната шанса за спас на Македонија

Испраќам порака до вас кои сте разочарани од политичарите, од трулежот на системот,...

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми,...