Прекинете со парадерските прес-конференции и решавајте проблеми. Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2020 14:55

MИЦКОСКИ БАРА ОСТАВКИ: ДНЕВНО УМИРААТ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ОТКОЛКУ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, пишува опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

-Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот.

Прекинете со парадерските прес-конференции и решавајте проблеми. Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна.

За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно, вели Мицкоски.

Тој порача дека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, треба да поднесат оставки, бидејќи така повеќе луѓе би биле спасени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Денес жалам за мојот/нашиот верен другар кој загина од подмолните трујачи кои не се сакаат ниту себе си, а камоли некоја друга душа!

Ременски: Денес воопшто нема да искажам жалење за сите што беа тепани во овие црни настани

Осум години од “Црниот понеделник” се падна во “четврток” кој исто така беше црн...