Нека не праќаат емисари за да бараат прошка, сите до еден ќе одговараат

Објавил: Узунов Бобан | 19 август, 2019 9:09

Mицкоски oд Прилеп: “Нека не праќаат емисари за да бараат прошка, сите до еден ќе одговараат”

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на опозицијата со порака до власта дека нема да има амнестија на криминалот.

Вечерва бев на роденденот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. А Прилеп секогаш најверно се борел за слободата. Меѓу првите се кревал на пркост и отпор спрема неправдите, така било отсекогаш. Денес живееме во време кога не е проблем што системот лошо функционира, туку главен проблем е што систем воопшто нема. А тој е атрофиран, ослабен до точка на недејствување затоа што криминалци го водат. Нема друга држава каде власта наместо во борба против корупција води борба за заштита на криминалот. И додека криминалниот октопод блеска, владата непропушта да удира по идентитетот, историјата, иднината, по џебот на граѓаните. Наша обврска е тоа да го промениме. Прилеп е на нозе, Прилеп се крева против неправдите, и Прилеп ќе победи затоа што за Македонија се работи. Честит роденден ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, заеднички да се избориме за Обнова на Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во СВР Тетово во 17:20 часот пријавено е дека А.Л (35) по расправија со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога

Едно лице повредено по расправија пред локал во Тетово

Триесет и петгодишен тетовец е повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин...

– Бог се јави нека е честит и вечен празникот, како и сите години така и оваа година. Според преданието на црквата, светиот крст се спушти во реката Брегалница симболизирајќи ја реката Јордан и крштевањето господово. Од ова место од градот Штип посакуваме мир и благослов на сите луѓе, истакна г. Иларион.

ВЕРНИЦИТЕ СЕ ИСПОТЕПАА ВО ШТИП, ПОПОТ СЕ НАЛУТИ И ГО ВРАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ЦРКАВАТА

Се испотепаа верниците во Штип за светиот крст кој бепше изваден од двајца верници...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

26-годишниот Кристијан Ниновски го извади крстот од водите на Вардар

Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади...