Испораката на камиони во делови од центарот во Верт започна пред повеќе од половина век, во 1966 година.

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 20:36

Mercedes го испорача 750.000-от камион во „пакет“

Фото/Текст извор: ©аутомедиа

Од фабриката на Mercedes во Верт беше испорачан 750.000-от камион во пакет. Станува збор за таканаречена CKD-монтажа, кога возила се испорачуваат ширум светот целосно расклопени и локално се врши завршната монтажа.

Славеничкиот камион е бел Actros 2652 LS 6×4, кој заминува за Јужна Африка. Кога на одредиштето ќе се отворат вратите на прекуокеанскиот контејнер долг 40 стапки, од него нема да излезе камион, туку внатре ќе има само големи пакети.

Но, сé што е потребно, се наоѓа во контејнерот. Actros е комплетно расклопен и деловите се распоредени во пакети.
По пристигањето во Ист Лондон, камионот ќе се склопува во локалната фабрика на Mercedes. Сопственикот ќе може да го преземе готовиот камион во средината на јули.

Actros е комплетно расклопен и деловите се распоредени во пакети.

Испораката на камиони во делови од центарот во Верт започна пред повеќе од половина век, во 1966 година. Камионите се составуваат од комплетни модули во соодветно опремени монтажни хали во странство, но под најтрога контрола на квалитетот, според стандардите на Mercedes. Целиот „кит“ може да се состои и од 2.500 единечни делови. Од CKD-центарот (кусо од Completely Knocked Down) во Верт досега се вршени испораки на камиони во пакети во 60 држави ширум светот, вклучувајќи ги Австралија, Кипар, Русија, Саудиска Арабија, Малезија и други.

Процесот е оптимизиран со цел да се постигне колку е можно поголема заштеда

Целиот процес е оптимизиран на тој начин што одеднаш се испорачуваат четири идентични камиони, кои најчесто ги собира во четири прекуокеански контејнери. Овој четириделен комплет се состои од вкупно 48 пакети и зависно од моделот тежи меѓу 50 и 70 тони.

Клиентите профитираат поради тоа што при локалната монтажа на возила обично отпаѓаат високите царински стапки. Во центарот во Верт моментно работат околу 500 лица. Тие ги подготвуваат испораките на патните и градежните варијанти на Actros и Arocs, исто како и на специјалните иведби на Unimog и Zetros.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...