Заев ја освести и академската јавност која безусловно го поддржуваше, се поизвесно е дека федерализацијата не била само плод на имагинацијата на Груевски и ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 7:14

Oва не е спас на Македонија, туку создавање мини федерација

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И делот од академската јавност која цврсто застана зад премиерот Зоран Заев, со поддршка за уставните измени и имплементирањето на Преспанскиот договор, го доживуваат шамарот на суровата реалност.

Јасна Котеска, професор на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошки факултет, истакна дека со Договорот од Преспа и со бршењето на АСНОМ од Уставот, не се гради државноста, туку се создава мини федерација.

По Преспа и по анулирање на две заседанија на АСНОМ од Уставот, крајно време е некој да алармира дека ова не е спас на Републиката. Туку создавање мини-федерација. Како стручњак за 19век мене ми е јасно, ова е губење државотворност. Не сум десничар и ова не е FUD. Само сведоштво. – напиша професорката на Твитер.

Професорката Котеска која беше согласна да се отвори процесот на промена на уставот и индиректно му даваше поддршка на премиерот Заев за дел од неговите политики се освести.

Сега вели дека премиерот некому должи и затоа се решил да ја носи Македонија кон федерализација.

Најискрено не ми е јасно во какви должничко-доверителски односи се ставил тековниот премиер и зошто става олкави чипови за земјата, за што ниту бил гласан, ниту понудил во програмата за гласање. По многу месеци размислување, ова сигурно знам: нешто овде не е во ред. – вели Котеска.

Кога за време на изборната кампања поранешниот премиер и претседател на ВМРО – ДПМНЕ говореше за федерализација и кантонизација, исто како и за Тиранската платформа, поддржувачите на Заев и СДСМ го обвинија дека заплашува со имагинарни нешта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести