Уапсен е менаџерот и двајца возачи на автобусот, со кој чоколадата со канабис била криумчарена од Италија, пренесува „Албаниан Дејли Њуз“ и прецизира дека уапсените албански државјани се на возраст од 31, 49 и 59 години, од три града – Драч, Тирана и Пермета.

Објавил: Владо Марин | 17 август, 2020 19:39

Oткриени 26 килограми чоколада со марихуана во Албанија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Три лица се уапсени на пристаништето во Драч, во Албанија, поради обид за криумчарење на 26 килограми чоколада со марихуана, пренесуваат албанските медиуми!

Уапсен е менаџерот и двајца возачи на автобусот, со кој чоколадата со канабис била криумчарена од Италија, пренесува „Албаниан Дејли Њуз“ и прецизира дека уапсените албански државјани се на возраст од 31, 49 и 59 години, од три града – Драч, Тирана и Пермета.

Во извештајот,  на Стејт департментот стоеше дека зголемената стапка на криминал и трговијата со дрога се на повисоко ниво поради високата стапка на невработеност и слабото владеење на правото во Албанија, а се наведува и дека корупцијата на власта ја ограничува севкупната ефикасност во борбата против наркотиците.

Албанија е земја извор на канабис и транзитна земја на кокаин и хероин, стоеше во извештајот на 2019 година на Стејт департментот. 

Имено во последниот извештај за 2018 година, европските пазари се посочени како главен извор на шверцот на канабис, како и силните дроги, и организираниот криминал.

Како причина за зголеменото заплеменување на дрога се наведува, соработката на агенциите за спроведување на законот со меѓународните партнери, и зголемениот меѓународен притисок и напорите на Албанија за влез во Европската унија.

-Има зголемување на запленето количество кокаин кој транзитира низ Албанија кон Европа, покрај откривањето на лаборатории за обработка на хероин и кокаин во северна и централна Албанија. Албанските криминални групи тргуваат со кокаин и хероин на европските пазари од земјите во Јужна Америка и Азија, кои се извори на овој вид дрога, се наведува во извештајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.