Фото-документ од договорот за смена на името

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 14:43

Oва е договорот на англиски јазик што се очекува да го потпишат Заев и Ципрас

Фото/Текст извор: ©Извор: alsat-m.tv/ makpress.mk

Severna Makedonija користејќи erga omnes (за внатрешна и надворешна употреба) верификувано со уставни измени е основата на договорот што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, се вели во документот до кој дојде Алсат од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина.

Според нашиот извор, договорот, меѓу другото, ги содржи следниве главни точки:

– Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав.

– Периодот на транзиција се определува со измени на внатрешните документи на соседната земја и тој сложен процес ќе се поврзе со отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

– Ќе се формира комисија којашто ќе ја испитува употребата на трговските термини во двете земји.

– Македонскиот јазик е признаен, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека тој јазик има словенско потекло (како што е наведено во рамката на ООН).

– Во делот на националноста, терминот Македонец / граѓанин на Република Северна Македонија се применува со задолжителна напомена дека луѓето од оваа земја немаат врска со античката грчка култура.

(НАСКОРО СЛЕДУВА ДЕЛОТ ЗА ЕТАПИТЕ ПО ЕВЕНТУАЛНОТО ПОСТИГНУВАЊЕ ДОГОВОР)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести