
Свет
Вести
Владимир Путин денеска го почна петтиот претседателски мандат откако положи заклетва на свечена церемонија во Кремљ, која беше бојкотирана од САД и најголем дел од западниот свет.
По убедливата победа на изборите во март, кога освои 87% гласови, Путин ја зацементираше својата власт најмалку до 2030 година, кога ќе може да се бори за уште еден мандат, станувајќи најдолготрајниот руски лидер од Јосиф Сталин.
Многу работи се сменија од првата инаугурација на Путин во мај 2000. Тој тогаш вети дека ќе ја чува и развива демократијата и ќе се грижи за Русија, а во 2018 вети дека Русија ќе биде во петте најголеми светски економии. Во меѓувреме, тој почна војна против Украина, во која загинаа десетици илјади Руси, ја уништи опозицијата и ја концентрираше сета моќ во свои раце.
Во својот краток говор на инаугурацијата, Путин кажа дека е отворен за разговор со западот, но само под еднакви услови и додаде дека Русија мора да биде отпорна на сите закани и предизвици. На граѓаните им порача дека народот сам ќе одлучи за иднината на државата. Тој се заблагодари за укажаната доверба.
„Се обраќам на секој граѓанин на Русија. Само што дадов заклетва, а тоа е суштината на претседателската функција – да му служи на народот и да ја заштити Русија, тоа е чест, обврска и света должност“, рече тој и истакна дека граѓаните дека сами ќе одлучуваат за судбината на државата. Како што порача, убеден е дека државата достоинствено ќе го преживее тешкиот период и ќе стане уште посилна. „Ве уверувам дека во иднина интересите и безбедноста на народот на Русија ќе бидат пред се за мене“, рече Путин.
Старо новиот руски претседател учествува на свечена церемонија пред најистакнатите личности во земјата, на која ќе положи заклетва, со што официјално ќе стане актуелен лидер на Русија за уште еден мандат, со кој ќе стане најдолговечниот претседател на Русија во историјата.
На денешната инаугурација во Кремљ, Владимир Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, шестгодишен мандат на чело на Русија, јави Бета.
„Се колнам дека ќе ги почитувам и штитам правата и слободите на човекот и граѓанинот, дека ќе го почитувам и штитам Уставот, суверенитетот, независноста, безбедноста и интегритетот на владата“, рече Путин.
Putin takes oath as Russian President pic.twitter.com/9wmOXdbjjL
— RT (@RT_com) May 7, 2024
„За Русија, ова е продолжување на нашиот пат, ова значи стабичност, можете да прашате кого било на улица“, кажа близок соработник на Путин, Сергеј Чемезов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.