Град Скопје, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, го најавуваат најголемото „Квин симфони шоу!“

Објавил: admin@magazin | 15 јуни, 2018 23:10

„Queen Symphony Show“ во Градски парк

Фото/Текст извор: ©lokalno.mk

На 22 јуни во Градскиот парк, на отворено, со почеток во 21,30 часот, ќе настапи познатиот „QUEEN REAL TRIBUTE“ бенд, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет, а под диригентство на Милош Јовановиќ од Србија.

Еден од најдобрите светски „Квин“ трибјут бендови, со специјални аранжмани за оркестар и хор, ќе ги изведе најголемите хитови на една од највлијателните групи на сите времиња. „QUEEN REAL TRIBUTE“ во состав: Иван Ристановиќ – вокал; Ненад Бојковиќ – гитара; Иван Дерфи – бас; Радош Чапин – тапани, постојано ја фасцинираат публиката ширум светот! Само во Бразил, групата свирела повеќе од 70 концерти, а досега настапила и во Португалија, Франција, Чешка, Швајцарија, Австрија, Бугарија, Романија, Словенија, Албанија, Хрватска… Со својот талент на пресликување на оригиналот, ја воодушевуваат публиката. Деталите на кои бендот посветува внимание во сценскиот настап се исто така фасцинантни. Фронтемнот носи идентични костими какви што носеше легендарниот Фреди Меркјури, додека гитаристот користи модел на гитара како Брајан Меј…

„The Show Must Go On“, „We Will Rock You“, „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“ i „We Are The Champions“, се само некои од мегахитовите на легендарната група „Квин“ кои ќе можат да се слушнат во Градскиот парк, заедно со оркестарот и хорот со кои ќе диригира Милош Јовановиќ, кој наедно е и автор на аранжманите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...