Без разлика на се, сепак Шилегов сфати дека треба да е дел од народот и во последен момент го организира дочекот а и обезбеди чартер лет, што е сепак за пофалба

Објавил: Македонка Димкин | 4 јуни, 2019 9:53

Shilegov посрамотен си замина од прославата, Македонците простуваат но не забораваат!

Фото/Текст извор: ©плусинфо

Дежурниот новинар на „Северна Македонија„ Героски кој од време на време се обидува да се прикаже како фер новинар напиша: Обидот за политичко киднапирање на радоста на навивачите на европскиот ракометен шампион „Вардар“ овој пат не успеа. А бре и за киднапер треба да те бива! Наместо киднапирана прослава, видовме сосема поинаков перформанс – илјадници „комити“ и фанови на РК „Вардар“ спонтано го водеа настанот, а една поголема група навивачи оркестрирано ја искористи приликата за класична политичка пропаганда. Им се сможе…

Ако мене ме прашате, подобро и тоа, одошто да пукнеше поголем резил. На секое спомнување на „Град Скопје“, се слушаа свирежи на негодување. Можам да замислам што ќе се случеше ако градоначалникот Петре Шилегов се обидеше да се качи на сцената за да го „лапне“ микрофонот. А богами, можам да замислам и што ќе се случеше ако од некаде се појавеше Зоран Заев, според некои комични теории што ги прочитав на Фејсбук, најзаслужниот за сите наши победи, па и за овој спортски триумф.

Шилегов не се сомели да излезе на бина, тој не бепе ни сппомнат дека бил присутен. Фештата вчера беше исклучиво за Македонците и Макеоднскиот народ, за навивачите на и фановите на Вардар. Облекувањето на дрес не го испра срамот на Шилегов . Сепак мора да му се одадае и комлиметн , дочекот беше безпрекорно добро организиран

За среќа, изгледа дека во последен момент политичарите сфатиле дека единствениот разумен начин да избегнат непотребни непријатности и тензии на преполниот плоштад Македонија е воопшто да не се појават на прославата. Да ги снема. Како што во еден момент исчезна и организаторот, кутриот Шилегов…

„Не слушнав, му се заблагодари ли некој на Петре Шилегов за дочекот или го заборавија“, прашува професорот Ѓорги Спасов. Не професоре, не го заборавија, намерно го изигнорираа. И тоа жестоко!

Не знам кој го заглави Петрета Шилегов да се нафати да биде организатор на прославата. Ама кој и да го сторил тоа, не му е пријател.

За љубов на вистината, Петре здраво се потруди да си ја заврши задачата: им додели пристојна премија на шампионите, им плати чартер-авион за тие што побрзо да се вратат дома, им организираше свечен пречек на аеродромот и трансфер со панорамски автобус, кон тоа придодаде катарза под Триумфалната капија, па убава бина, па мешана музика, а и озвучување и микрофони, за Вардарци самите да си ја водат прославата. И никој фала да му каже. Не е фер…

Петре дури и се облече во дресот на „Вардар“, си го напиша името Shilegov на грбот, ракоплескаше радосно кога ракометарите слегуваа од авионот, го издржа срамот што две третини од нив поминаа покрај него како покрај турско гробје, без да го погледнат, за на крајот да застане збунет и тажен покрај бината, со поглед „ко ме гурну“, веќе свесен дека никој нема ни да го спомне, ни да му се заблагодари, а најмалку да му дозволи да зуцне збор-два на бината.

Сценографијата во публиката – знамињата со сонцето од Вергина, државното знаме стуткано колку да не е без ич, скандирањата „Никогаш Северна, само Македонија!“ – покажа дека ракометарите на „Вардар“ шампионската титула ѝ ја посветија на една друга држава. Не на оваа под чие име настапија и секако не на оваа што ја водат луѓе кои непромислено се обидоа да спечалат некој поен на “Вардаровата“ спортска слава и кои го организираа и го платија спектаклот. Со наши пари, нормално.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од Основното јавно обвинителство информираа дека девојката Ангела Ѓ. е една од двајцата уапсени, осомничени за убиството на Пино чие тело беше пронајдено во атарот на селото Љуботен. Првоосомничениот Али Фуркан се уште е во бегство.

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре ќе се врши оценка на обвинението на убиецот на Пино, Ангела Георгиевска!

Момче со ведрина и желба за живот, мајката на Пино Маја Трпковска вака го опишуваше...

Двете страни сакаат до утре да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, кои, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Претседателот на Франција Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија...

– Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членки на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни пристигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ, истакна Заев.

Заев: Очекуваме одлука сега и веднаш, одложувањето ќе има негативни последици

По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите...