SKOPJE FRAMES претставува меѓународен фестивал на краток филм што се организира за прв пат и кој ќе се одржи во МКЦ (кино Фросина).
– Фестивалот се стреми да инспирира, унапреди и овозможи поддршка за креирање кратки филмови, особено во време кога пандемијата COVID-19 има значително влијание врз филмската индустрија. Како и споделување и зајакнување на заедничката желба и аспирации за уживање во кратки филмови – велат од МКЦ.
Програмата е составена од 12 кратки филмoви, кои ќе се прикажуваат денеска и утре во 18, 20 и 22 часот.
На фестивалот ќе бидат прикажани филмовите „Construct 42“ во режија на Никола Ангеловски, „Freight“ од Сава Живковиќ, „Winner“ од Семјуел Чован, „Apelul – The Call“ – Сефун Захариа, „Downfall“ – Бредли Коксер, „You know what I have nightmares about“ – Аглаја Филиповиќ, „Black and Faulty“ – Марко Џамбазоски, “Little One“ – Ана Андонова, „Mr. World“ – Јосип Трајкоски, „Aladdin’s Kitchen“ – Стефан Красиќ, „Deaflands“ – Бруно Велјановски и „Babush“ – Владислав Гавриловски.
Билетите се достапни само преку bileti.mkc.mk по цена од 100 денари.
Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.