Од лекар на Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 ноември, 2020 9:55

TРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Мајка ја пронашла својата ќерка (22) почината!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На 20.11.2020 во СВР Штип било пријавено дека К.В. околу 07.00 часот во нејзиниот дом на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип, ја пронашла својата ќерка С.В.(22) во бессознание.

Од лекар на Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.

Според статистиката на МВР, во минатата година имало 140 самоубиства и 158 обиди за самоубиства. Причина-растот на невработеноста, сиромаштијата и бесперспективноста кај цели слоеви од населението.

Најчести причини, односно мотиви за посегнување по сопствениот живот се: душевните трауми и растројства од различни видови, семејните недоразбирања и караници во домовите поради беспарица и невработеност на родителите, потоа поради младешки и тинејџерски побуди – невозвратена љубов, болест и друго.

Со повеќе од 300 самоубиства за 11 години Штип на врвот на „црната листа“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници од РЦ ГР Југ за понатамошна постапка.

Еден загинат мигрант кај Криволак на пругата, повредени уште 5-мина во тешка железничка несреќа

Загинат мигрант кај Криволак! Ноќта кон неделата околу 00,40 часот било пријавено дека...

Голманот исчезнал синоќа околу 21 часот по тренингот со неговиот клуб, а утрово неговото безживотно тело било пронајдено во водите на Охридското езеро, во близина на туристичката населба Лагадин.

Се удави младиот ракометен голман Никола Даниловски

Голманот на РК Охрид и повремен македонски репрезентативец, Никола Даниловски се удави...