Најново метео

Објавил: Владо Марин | 22 јуни, 2021 8:23

TОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСКАЧАТ НАД 40 СТЕПЕНИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денес па во текот на следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност.

Само локално во попладневните часови има услови за ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени, додека во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот дури од 34 до 42 степени.

Во Скопје и околината денес, како и во текот на следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Денес максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, додека во текот на следните денови истата се очекува да се искачи до околу 39 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 10 и 11.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...