Додека Банката на федерални резерви предвидува дека инфлацијата во САД ќе падне поблиску до целта од 2% до 2024 година, патот напред би можел да биде многу потесен од сега до тогаш.

КОИ ДРЖАВИ СЕ ШАМПИОНИ ВО ИНФЛАЦИЈА: МАКЕДОНИЈА ВОДИ МЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ СОСЕДИ

Инфлацијата расте скоро насекаде во 2022 година. Геополитичките тензии предизвикуваат високи енергетски трошоци, додека прекините...

Едмонд Бекири / 9 декември, 2022 6:13

Економијата на еврозоната речиси застана во третиот квартал, бидејќи инфлацијата се зголеми над сите очекувања и за првпат надмина 10 отсто, покажаа прелиминарните податоци на Евростат во понеделникот.

Инфлацијата во еврозоната стигна до рекордни 10,7 отсто во октомври

Во септември инфлацијата беше 9,9 отсто. Во трите балтички земји таа е над 20 проценти! Економијата на еврозоната речиси застана...

admin@magazin / 31 октомври, 2022 18:08

Асошиејтед прес пишува дека поради тоа растат цените на основните продукти и дополнително се погодени домаќинствата кои веќе имаат проблеми поради високите цени на енергијата, храната и станбените трошоци.

Турскиот статистички институт соопшти дека во септември цените пораснале за 3,08 отсто во однос на претходниот месец.

Експертите тврдат дека инфлацијата е многу повисока од официјалната статистика, а независна група за истражување на инфлацијата денес ја оцени годишната стапка на дури 186,27 отсто.

Минатиот месец турската централна банка уште еднаш ја намали каматната стапка, снижувајќи ја референтната стапка на 12 отсто и покрај растот на цените и падот на лирата.

Лирата изгуби преку 50 отсто од вредноста во однос на американскиот долар откако централната банка почна да ги снижува стапките минатата година.

Руската инвазија на Украина и падот на лирата ја поттикнаа инфлацијата.

Инфлацијата во Турција највисока во последните 24 години

Годишната инфлација во Турција достигна во септември нов максимум во последните 24 години од 83,45 отсто, покажуваат официјалните...

Едмонд Бекири / 4 октомври, 2022 6:09

Годишната инфлација во 19-те земји од еврозоната во август порасна на 9,1 отсто, што е зголемување во однос на 8,9 отсто во јули, покажуваат најновите податоци објавени од Евростат.

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

Инфлацијата во европските земји кои го користат еврото достигна нов рекорд во август, од 9,1 отсто, поттикната од скокот на...

admin@magazin / 31 август, 2022 12:48

Увозот на енергенсите во текот на оваа година во Србија достигнал вредност од 3,1 милијарда евра, што според податоците на НБС е за 3,1 милијарда евра повеќе отколку во првата половина од минатата 2021 година.

Во Србија инфлацијата е 12,8 отсто поттикната од цените на храната и енергенсите

Инфлацијата во Србија во јули била на нивото од 12,9 отсто, од што повеќе од две третини од растот се последица од влијанието...

Мате Парлоф / 18 август, 2022 7:18

За овие движења придонесе растот на бензините, киријата и храната.

Инфлацијата во САД го достигна највисокото ниво од 1981-ва

Инфлацијата во САД продолжи да се забрзува во мај, забележувајќи годишен раст од 8,6%, кој е највисок од 1981-ва година, според...

Мате Парлоф / 13 јуни, 2022 5:55

Растечката инфлација е глобална и достигна рекордно високо ниво од почетокот на 21 век. Ова предупредување го упати еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон во интервју за францускиот информативен канал LCI.

„За прв пат од почетокот на векот, гледаме толку високо ниво на инфлација. Тоа е глобален феномен кој е посилен во САД отколку во Европа“, рече тој.

Според него, последен пат ваква инфлација имало пред четириесет години, во 80-тите години на минатиот век. Еврокомесарот истакна дека инфлацијата почна да се забрзува уште пред конфликтот во Украина.

„Пандемијата на коронавирус, забрзувањето на економското закрепнување, цените на енергијата, суровините и ретките метали – како резултат на овие фактори, трендот на инфлација беше силен дури и пред украинскиот конфликт“, рече Бретон.

„Инфлацијата е особено распространета во САД и е многу тешко да се контролира“, рече тој. „Еден начин да се ограничи е да се зголемат банкарските каматни стапки, а овој процес веќе се случува во САД“, рече Бретон.

Според францускиот портал „Статиста“, просечната годишна стапка на инфлација во светот веќе изнесува 7,4%. Но, во некои земји, стапката на инфлација може да биде значително повисока поради локални фактори. Според „Статиста“, вкупната стапка на инфлација во речиси 80 земји може да се движи од 5 до 10 отсто во текот на годината.

Рекордна инфлација во светот од почетокот на векот

Растечката инфлација е глобална и достигна рекордно високо ниво од почетокот на 21 век. Ова предупредување го упати еврокомесарот...

Мате Парлоф / 26 мај, 2022 13:39

Овој пораст на инфлацијата се должи на порастот на цените на бензините од 1,2 проценти минатиот месец во споредба со август, со што цената на тоа гориво достигна 42,1 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Инфлацијата во САД највисока од 1991 година

Порастот на потрошувачките цени во САД во септември малку ги надмина прогнозите, бидејќи поскапувањето на храната и енергијата...

admin@magazin / 15 октомври, 2021 7:03