Зоран Милески-Кичеец утрово влегол во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга да ја издржи правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“. Од Управата за извршување санкции за „360 степени“ потврдија дека во моментов се врши прием на осудениот во приемното одделение.
Појавувањето на Кичеец во струшкиот КПД следува откако пред десетина дена тој доби упатен акт од Основниот суд во Охрид. Оваа струшка институција, како што е наведено во Законот за извршување санкции, е казнено-поправен дом од отворен вид.
На осудениот му останаа за издржување помалку од три години, бидејќи околу 8 месеци беше во притвор (прво во затворот „Скопје“, а потоа во домашен), период кој влегува во пресметувањето на казната.
Сопругата на Милевски за Сител: Невини луѓе се рушат со лаги и измами
Сопругата на Зоран Милески обвинетиот во случајот Рекет преку Тв Сител упати молба до сите да престанат со коментари и невистини...
Перо Милчин / 17 септември, 2021 23:16
You must be logged in to post a comment.