
Србија
„ Тие се повикуваат на Резолуцијата 1244 каде ја нагласуваат својата улога, но не се повикаа на делот од Резолуцијата каде што е можно да го одбијат, такво нешто не постои. Некој доволно паметен тоа им го составил, бидејќи тие немаат право да го одбијат тоа барање, знаеле дека немаат на што да се повикаат, но се повикаа на позтивната норма дека имаат право и обврска да го чуваат редот и поредокот. “-Александар Вучиќ – претседател на Србија
Во меѓувреме, неколку илјади Срби излегоа на протест во Штрпце поради пукањето врз двете српски момчиња Стефан и Милош Стојановиќ кое се случи пред два дена од страна на припадник на косовската полиција..
Од партијата Српска листа која е организатор појаснуваат дека нивното незадоволство е поради бруталните обиди за убиство на српските момчиња, но и за континуираната антисрпска репресија. Градоначалникот на Штрпце Далибор Јефтиќ пред присутните кажа дека е време меѓународната заедница да го вразуми косовскиот премиер Курти...
„ Резултатот на политиката на актуелната власт во Приштина доведе до тоа поединци да мислат дека може слободно да пукаат во нашите деца, тоа е најголемиот проблем. И затоа, пораката е до преставниците на меѓународната заедница уште еднаш да го вразумат Курти да престане да ги напаѓа нашите деца. Како што ви кажавме вчера, децата нема да ги ви простиме. “-Далибор Јефтиќ – Градоначалник на општина Штрпце
На приодот кон Штрпце за време на протестот беа присутни неколку патроли на косовската полиција и КФОР.
КФОР го одби барањето за враќање на српската војска на Косово
Белград доби негативен одговор од КФОР за барањето за враќање на 1.000 српски војници и полицајци во Косово! Информацијата...
Едмонд Бекири / 8 јануари, 2023 15:18
You must be logged in to post a comment.