
Политика
Се што е јавен интерес со однапред утврдена методологија во која би учествувала и опозицијата и власта ние би подржале, немаме никаква дилема и треба да има, но да ја дефинираме методологијата на учество и на едните и на другите, бидејќи опозицијата може да предлага јавни кампањи и власта бидејќи ние сите работиме јавна дејност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали би подржале јавна кампања за подигање на свеста за вакцинирање на населението од ковид пандемијата.
Не значи дека само тие од власта се набиструмни и можат да дадат најдобри кампањи, може и опозицијата ќе предложи некоја кампања која што е од голем јавен интерес. Затоа велам апсолутно да треба да се вратат јавните кампањи на медиумите, но со заедничко учество и утврдена методологија и од страна на власта и од страна на опозицијата, рече Мицкоски.
Мицкоски го кани Ковачевски на лидерска средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повикува лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, на средба во седиштето...
Рејхан Бајрами / 4 февруари, 2022 5:29