Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.
Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.
Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.
Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.
Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава
Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во вторникот се тргуваше за речиси 96 долари,...
Перо Милчин / 21 септември, 2023 6:21
You must be logged in to post a comment.