„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните...

Перо Милчин / 10 мај, 2022 17:50

Претседателот на СОНК соопшти дека зголемувањето на платите на просветните работници ќе биде за 12%.

Владата и СОНК се договорија – еве колку ќе се зголемат платите во образованието

Синдикатот за образование, наука и култура и Владата на денешниот состанок договорија зголемување на платите во образованието. –...

Перо Милчин / 26 април, 2022 6:32

На оваа втора седница е донесена и Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Владата одлучи: Второто полугодие ќе започне на 1 февруари

Второто полугодие ќе започне на 1 февруари! Владата на Република Македонија на вчерашната втора, редовна седница, којашто...

Перо Милчин / 18 јануари, 2022 5:38

Бил Гејтс е основачот на Microsoft заедно со Пол Ален и еден од највлијателните луѓе во информатичката индустрија.

Според истражувањата на БИЛ ГЕЈТС овие три образованија ќе бидат најбарани во светот!

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс на основа од бројни податоци кои ги собирал, тврди дека во иднина најмногу ќе се бараат...

admin@magazin / 12 јануари, 2022 4:13

За оваа намена се издвоени 127,5 милиони денари од буџетот на Министерството. Дополнително, како што соопшти МОН, за уште седум договори во вредност од 53,7 милиони денари, се чека банкарска гаранција.

– Поконкретно, основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, општина Битола, со целосната реконструкција ќе добие нов изглед и одлични услови за изведување настава. Договорена е и изградба на објект за подрачното училиште во Лешница, општина Желино „Луис Ѓуракуќи“. За изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на објектот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница во општина Маврово-Ростуше се наменети 6,9 милиони денари, а реконструкцијата на фасадата и кровот како и санитарни јазли во основното училиште „Панко Брашнаров“ во Велес чинат 11,9 милиони денари, наведуваат од МОН.

Во Кочани, во основното училиште „Никола Карев“, посочија од Министерството, ќе се изврши реконструкцијата на кровот и фасадата, како и адаптација на тоалетите и изградба на пристапна рампа, додека музичкото училиште „Ристо Јуруков“ ќе добие тоалети за лица со посебни потреби а ќе биде реконструиран и кровот.

– Објектот на основното училиште „Карпош“ во Умин Дол, Куманово, ќе биде реконструиран и адаптиран, за што од буџетот на МОН се наменети 7,1 милион денари. Подобри услови за учење ќе добијат и основците од село Радибуш во општина Ранковце, каде ќе се изведе комплетна реконструкција на училишната зграда на „Х.Т. Карпош“, што не е обновена од изградбата, пред повеќе од половина век, се вели во соопштението.

Реконструкција на кров, додаваат, ќе се изврши на основното училиште „Св.Климент Охридски“ од општина Македонски Брод, а за училиштето „Симче Настовски“ од Вратница, општина Јегуновце, склучен е договор за реконструкција на кровот на стариот објект и на фасадата и котларата и на стариот и на новиот објект. Во општина Крушево, основното училиште „Никола Карев“ ќе добие реконструкција на кров и на фискултурна сала.

Реконструкција на подови, поставување на топлотна изолација на надворешна фасада, реконструкција на санитарни јазли и изградба на тоалет за лица со посебни потреби ќе се изведе во основното училиште „Димитар Поп Беровски” во општина Ѓорче Петров. Ќе се реконструира и објектот на основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода, а во општина Бутел ќе се изврши реконструкција на подот во фискултурна сала и на придружните простории во основното училиште „Живко Брајковски“.

И во средното општинско училиште во Куманово „Перо Наков“ ќе се изведе реконструкција и адаптација на столарија, термоизолација на фасада и адаптација на тоалети, за што од буџетот на МОН ќе се исплатат 10,5 милиони денари. Од Министерството велат дека ќе следи и рехабилитација на двете средни општински училишта „Јане Сандански“ од Битола и „Јовче Тесличков“ од Велес.

– Со околу една милијарда денари предвидени за капитални инвестиции во тековната 2021 година, МОН плански вложува во подобрување на условите за учење и работа на учениците и наставниците. При тоа, услов за да се добијат буџетски средства од МОН е објектот да е пристапен за лица со попреченост, или со проектот да се овозможува пристап, затоа што обезбедувањето квалитетно образование значи и обезбедување услови за инклузивно образование, се наведува во соопштението.

МОН: Над 181 милион денари за капитални инвестиции само во ноември и декември

Министерството за образование и наука (МОН) во последните два месеца инвестираше 181 милион денари во 24 училишта, соопшти МОН,...

Перо Милчин / 18 декември, 2021 13:24

Поголемиот број од децата немаат таблети, а голем дел немаат ниту средства за да купат. Царовска целосно потфрли.

Мила Царовска го уништи образованието во Македонија

Мила Царовска го уништи образованието во Македонија. Поради Царовска образовниот систем е во тотален хаос, а најмногу...

Перо Милчин / 18 септември, 2021 10:04

Министерката истакна дека на обуките кои се наменети за образовните асистенти и кои се интензивираат во следните неколку денови, од обучени тренери тие ќе добијат подетални насоки околу начинот на кој треба да постапуваат и околу тековните обврски што ќе бидат дел од описот на нивното работно место.

Царовска: Од септември учениците со попреченост добиваат системска поддршка од државата, ангажирани се 500 образовни асистенти

Од први септември во образовниот систем за првпат од страна на државата ќе бидат ангажирани 500 образовни асистенти што ќе...

Владо Марин / 18 август, 2021 7:22

Според Илиоска материјалот за учење ги воведува учениците во истражување и стекнување знаења за себе, училиштето во кое учат, домот во кој живеат и средината која ги опкружува.

Првачињата по општество ќе учат за почитување на повозрасните, на различностите и средината во која живеат

Материјалот за учење по општество за прво одделение е осмислен да ги задоволи интересите на денешните деца како што се...

Владо Марин / 25 јули, 2021 16:59