Тоа е нашето очекување. Моето останување во овој дополнителен период е заради обезбедување парламентарно мнозинство и мислам дека оваа работа ја завршувам. На 12 декември мојата партија СДСМ ќе има нов претседател.
Се очекува да има нова влада што ќе предложи нови министри и ќе направи нов кадровски распоред, но откако ќе биде извесно со Бугарија. Во прашање се недели, истакна Заев на прес-конференцијата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Во следните неколку недели, рече, Алтернатива ќе почне да ги презема одговорностите во институциите, ќе го зајакне парламентарното мнозинство и ќе може да се гласаат важни закони: за кризите – енергетска, пандемиска и мигрантска, како и Буџетот за 2022.
Имаме 64 потврдени пратеници, може да пораснат на 66, тврди Заев
Во моментов сме 64 потврдени пратеници, верувам дека парламентарно може да достигне и 66, за тоа треба да одлучат пратениците,...
Мате Парлоф / 6 декември, 2021 6:27
You must be logged in to post a comment.