Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката Весна Дамева.
Со овие зборови судијката Мирјана Радевска-Стефкова ја образложи оставката на денешната седница, на која покрај нејзината, советот ја констатираше и оставката на судијата Зоран Герасимовски, кој рече идеолошките поделби со дел од членовите на советот се една од причините за оставката.
По прифаќањето на на оставките, советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели. Токму Ханиф Зендели пак, на предлог на членот Ивица Николовски денеска беше избран за нов потпретседател, откако неговиот претходник Селим Адеми си поднесе оставка по контроверзното разрешување на Дамева. Со девет гласа за и еден против на чело на советот застануваат двајца судии, а новоизбраниот Зендели рече дека советот и во иднина треба да работи како поддршка за сите судии.
Оставките на Герасимовски и Радевска-Стефкова доаѓаат по во време кога холандскиот амбасадор во земјава го нарече советот нелигитимно тело, а претседателот Пендаровски изјави дека советот со овој состав се посрамотил во јавноста.
Советот изминатите месеци постојано е мета на скандали, па по контроверзното разрешување на Дамева следуваа бројни превирања, а неодамна и двајца членови на советот пријавија дека некој им претурал по работите во канцеларијата, инцидент за кој истрагата и натаму е во тек.
Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател во Судскиот совет
Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката...
Мате Парлоф / 8 јуни, 2023 17:54
You must be logged in to post a comment.