ако и да е, собраниската реформска агенда на оваа влада мора да продолжи, поради провокации да не стане нечив плен чиј фокусот е реализација на странски агенди за дестабилизација на државата, како и дефокусирање на граѓаните и целата јавност од интеграциските процеси",

Адеми: Жалам за инцидентот, треба заедно да ги надминеме недоразбирањата

„Жалам за тоа што се случи синоќа на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието и жалам заради сите тие сцени...

Мате Парлоф / 28 јуни, 2022 17:35

Нашите кадри од ДУИ досега кршеа табуа, кршеа некои бесмислени предрасуди.

Адеми: Првиот премиер Албанец во Македонија е реалност

Албанец премиер во последните 100 дена од мандатот на Владата ќе урне уште едно табу, рече во вечерашното гостување на Алсат Арбр...

Рејхан Бајрами / 21 јануари, 2022 5:56

Координаторот на пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција, Арбер Адеми во својот говор на денешната собраниска седница за избор на Влада на Република Македонија истакна дека цело ДУИ и сите граѓани ја поддржуваат новата предложена структура на владата и нејзината програма.

Адеми ги истакна и преземените мерки и досега реализираните проекти кои ја оправдаа довербата дадена во Август 2020 година и дека пратениците на ДУИ целосно веруваат во професионалната компетентност на одредените кадри и на квалитетот на содржината на програмата надополнета со проекти и дополнителни стратегии.

Во продолжение целосниот говор на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми:

Еве сме денес, пред една многу важна одлука за нашите граѓани, за нашата земја и за иднината на сите нас.

Денеска одлучуваме дали ќе дадеме зелено светло за континуитетот на развојните проекти и проектите на квалитетниот живот, јасно дефинираните механизми и стратегии за да продолжиме успешно да се справуваме со енергетската, здравствената и мигрантската криза како глобални предизвици на денешницата.

Наоѓајќи се во ваква ситуација на предизвици и кога на хоризонтот го имаме патот кон Европската Унија како прогресивна перспектива без друга алтернатива, денес почитувани колеги, време е да ја докажеме нашата политичка зрелост, да дадеме свој придонес за да се овозможи стабилност и конзистентност во процесот на одлучување во служба на граѓаните и поголемата развојна перспектива.

Пред нас е една дополнета програма, една јасна визија за развој на парламентарно мнозинство кое го има целосниот легитимитет на народот од изборите во Јули 2020 година и гледајќи ја нејзината досегашна работа, ние како членови на парламентарното мнозинство денес рефлектираме за нејзиниот досегашен биланс, констатираме дека достигнувањата и реализираните проекти досега се јасно видливи и со право ја имаа нашата поддршка досега.

Истата поддршка пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција ја дава и на овој владин состав и на оваа консолидирана програма за работа, целосно верувајќи во професионалната компетентност на одредените кадри и од своите и од редовите на коалициските партнери, како и во квалитетот на содржината на програмата што е одраз на барањата и потребите на граѓаните.

Владата на која и дадовме доверба во Август 2020 година од оваа собраниска сала, го отвори патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект на Коридорот 8 за кој беше потпишан договор со познатата компанија Бехтел - Енка и исправноста на Законот за кој заедно гласавме овде, го потврди и Уставниот Суд, со што веќе се овозможи дефинирање на периодот за почеток на работниот процес во летото оваа година.

Беше токму оваа Влада која ја заврши постапката за експропријација на имотите на патот Скопје - Блаце и денеска продолжува да го гради "Патот на Арбер". Целосно го поддржуваме железничкото поврзување долж Коридорот 8 и потсетуваме дека енергетската врска помеѓу Битола и Елбасан е во тек.

Шар Планина е прогласена за национален парк, општините беа максимално поддржани со обезбедување средства за реализација на локални проекти, за отворени спортски сали во основните училишта, за основното училиште во Мала Речица, а започнаа работите и за училиштата во Визбегово и Блаце, заедно со градинките во Чаир, Сарај и Липково.

Оваа Влада го реализираше и систематизирањето на административците заедно со нивното унапредување со признавање на степенот на образовната квалификација.

Она што е карактеристично за оваа Влада е несомнено нејзината способност да ги откочи и реализира повеќегодишните заборавени процеси во лавиринтите на времето, но многу важни за иднината на државата.

Адеми: Цело ДУИ и граѓаните ја поддржуваат Владата

Денеска одлучуваме дали ќе дадеме зелено светло за континуитетот на развојните проекти и проектите на квалитетниот живот. Координаторот...

Рејхан Бајрами / 15 јануари, 2022 18:50

Ако новата учебна година почне на 1 септември, а сѐ уште немаме функционално Собрание, учениците ќе мора да се појават во училиштата затоа што во моментот Македонија нема законска можност за настава од далечина.

Адеми: Консултациите продолжуваат, важно ни е и здравјето на децата, но и квалитетот на образованието

На денешниот состанок со Комисијата за заразни болести не е донесена конечна одлука како ќе се одвива наставата од 1 септември. Ако...

Владо Марин / 12 август, 2020 14:54

Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши обелодени дека е позитивен на КОВИД-19.

Уште еден министер денес е позитивен на КОВИД – 19

Министерот за образование и наука Арбер Адеми е позитивен на КОВИД -19. Тој на својот Фејсбук профил објави дека по неколкуте...

Катерина Крстиќ / 23 јули, 2020 17:08

Уписот на учениците во прво одделение за учебната 2020/2021 ќе се реализира во јуни, а се уредува уписот во институциите за високо образование.

АДЕМИ: Учебната година ќе заврши без државна матура и завршен испит!

Оваа учебна година нема да има државна матура, како и школската матура и завршниот испит за тригодишни и четиригодишни средни...

Рејхан Бајрами / 30 април, 2020 21:16

Адеми на новинарско прашање посочи дека учебници не недостигаат, но има оштетени учебници.

Aдеми: Ќе заврши постапката за печатење на нови учебници

Арбер Адеми министерот за образование и наука  денеска пред отворањето на меѓународниот собир по повод 60 години постоење...

Катерина Крстиќ / 27 септември, 2019 13:55

Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторар и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката. Во меѓувреме, и покрај почетокот на учевната година нема зголемување на бројот на заболени од морбили.

Филипче и Адеми добија ТУЖБА од родителите на невакацинирани деца кои не еба примени во училиште

Министерот за здравство и министерот за обрзаование добија кривични пријави од револтирани родители чии деца биле невакцинирани...

Весна Петровска / 10 септември, 2019 16:55