Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција...

Едмонд Бекири / 8 ноември, 2022 5:53

Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш.

ВМРО-ДПМНЕ: Двојна победа во Тетово, Ковачевски да си даде оставка

„Двојна победа во Тетово, Ковачевски да си даде оставка, предвремени избори веднаш. ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи...

admin@magazin / 21 август, 2022 10:02

–гарантира дека добрососедството останува хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување на PCM во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција.

Бугарското собрание го усвои францускиот предлог и формула дека не постои македонски јазик

Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. За предлогот на „Демократска...

admin@magazin / 24 јуни, 2022 14:14

Таа рече дека сите 194 избирачки места во 80 општини се отворени во 8 часот и дека гласањето се одвива без застои, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од ковид-19.

Во првите три часа од изборите за нов лидер на СДСМ излегле 12 отсто од членовите

Претседателката на Централната изборна комисија на партијата рече дека овој одѕив е добар податок. Гласањето на 194 места...

Рејхан Бајрами / 12 декември, 2021 12:08

Дука освои 4.291 глас, односно 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците Алтернатива, гласале 4.153 или 48,09 отсто.

ДИК официјално: Во Дебар победи Дука, разликата пред Поцеста е само 138 гласа

Според првичните резултати од Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран...

Рејхан Бајрами / 15 ноември, 2021 6:01

Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251.

За вториот изборен круг акредитирани 1.598 набљудувачи, новинари и преведувачи

За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот...

Перо Милчин / 31 октомври, 2021 9:35

Според досегашната состојба на теренот, гласањето се одвива без поголеми застои. Времето за проверка на биометриските податоци преку читачите на отпечатоци од прсти е скратено.

Втор круг локални избори: Се гласа за градоначалници во 44 општини

Државната изборна комисија отвори бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди...

Рејхан Бајрами / 9:31

Како што објави „А1он“, полицијата е известена и постапува, а информации се најавуваат за подоцна.

(ВИДЕО)Снимка од изборен поткуп на гласачи во Ѓорче Петров

Порталот „А1он“ објави снимки на кои се гледа како група Роми, жители на Ѓорче Петров, оставаат лични карти на еден ден...

Перо Милчин / 30 октомври, 2021 16:04