Камчева во судницата истакна дека се плашеле од моќта на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Таа открива дека најпрво за случајот Рекет го информирала поранешниот директор на УБК, Горан Николовски и со него остварила две средби. На негово прашање зошто нема доверба во институциите таа му одговорила дека пред неа Јовановски разговарал на телефон со многу луѓе од власта, политичари, министерот за внатрешни работи, судии и обвинители.

Камчева пред судиите: Боки разговараше со Оливер Спасовски, oбвинитeли, политичари и со луѓе од власта

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева која денеска во својство на сведок се појави во Кривичен Суд, пред судиите...

Катерина Крстиќ / 10 декември, 2019 16:17

Адвокатот Димишков и рекол дека за неговата помош за поблага мерка за Камчев требало да се плати меѓу 2 и 8 милиони евра. Со тие пари тој и рекол неговата сестра-судијка ќе одела во пензија.

“Јанева му даваше напатствија и совети на Боки по телефон”

Беше 9 ноември околу полноќ. Ме разбуди сопругот за да ми каже нешто. Дојде Милески и ни кажа дека утрото ќе има претрес. Така...

Катерина Крстиќ / 11:44

Камчева пред судот треба да каже како Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец успеале да земат  половина милион евра од неа како гаранција дека нејзиниот сопруг, осомничен во случајот „Империја“, ќе му биде определена поблага мерка, домашен притвор.

Црно бела елеганција: Ана Камчева пристигна во судот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева пристигна во Кривичниот суд. Таа денеска  пред судот треба да каже како...

Катерина Крстиќ / 10:54