– Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете да отидете и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори: „Господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа“ – инсистира Каракачанов.

Тој е скептичен дека новите идеи на Петков и на неговата влада ќе дадат резултат.

– Не можете да се откажете од идентитетот, од фактот дека во Скопје се води политика на говор на омраза. Што значи да успееме? Да клекнеме пред тврдењата на Македонците или да ги направиме нормални европски граѓани. Во наш интерес е да се однесуваме како суверена држава, а не како никаквеци и да се однесуваме како луѓе кои ги бранат интересите на Бугарија – рече Каракачанов.

Каракачанов: МАКЕДОНЦИТЕ СТРАДААТ ОД СОПСТВЕНАТА ГЛУПОСТ

Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете...

Перо Милчин / 21 јануари, 2022 5:35