Јули ќе го почнеме без најлонски кеси. Пластичните и оксобиоразградливите кеси, кои од декември 2021 година во маркетите се продаваат по 15 денари, сега целосно се забрануваат со стапување во сила на одредбите од Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Во употреба ќе бидат единствено биоразградливите кеси.

СО ЗАКОН ПРОТИВ МАСОВНАТА УПОТРЕБА: ОД ПРВИ ЈУЛИ НЕМА НАЈЛОНСКИ КЕСИ НИ ЗА 15 ДЕНАРИ

Законските одредби стартуваат непосредно пред меѓународниот Ден без пластични кеси кој се одбележува на трети јули, со цел...

Перо Милчин / 27 јуни, 2023 6:01

Според новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, од 1 декември кесите за пазарање во маркети и продавници се наплаќаат 15 денари. Надоместокот од 15 денари за биоразградливи кеси мора да се евидентира и пренесе во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.
„Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства“, вели министерот за животна средина, Насер Нуредини.
Тој е задоволен од резултатите и потенцира дека граѓаните се повеќе пазаруваат со платнени торби. Министерот Нуредини вели дека знаат оти во одредени маркети и продавници не се почитува законот и дека ќе има инспекции.

Пластичните кеси ја наполнија касата – собрани 235 илјади евра за еден месец

За десет пати е намалена употребата на пластични кеси во Македонија, откако на 1 декември 2021 година стапи на сила законот...

Рејхан Бајрами / 27 јануари, 2022 17:30

Според законот, производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.

Новиот правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на Службен весник на Република Северна Македонија. До неговото стапување на сила важи постојниот Правилник.

Нема веќе бесплатни пластични кеси, ги укина владата

Владата денеска соопшти дека од 1 декември 2021 година (среда) стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки...

Рејхан Бајрами / 1 декември, 2021 7:13