Силен земјотрес се случи во 23:43 часот во неделата на 9 јануари во Лерин, пренесуваат медиумите во Грција.

Вознемирените жители излегоа на улица. Земјотресот бил почувствуван речиси низ цела Северна Грција до Лариса.

Според ревидираната објава на Геодинамичкиот институт, се работи за земјотрес со јачина од 5,3 степени, со фокусна длабочина од 14,1 км. Земјотресот се случил на 2 километри западно од Лерин.

Земјотресот ги вознемирил жителите, бидејќи бил многу силен и плиток, долго траел и бучел. Жителите на Лерин, според ЕРТ, побегнале од своите домови и излегле на улиците на градот.

Во следните 10 минути до 23.53 часот забележани се уште три сеизмички потреси, со јачина од 3,5 Рихтер на 19 километри западно северозападно од Лерин и на фокусна длабочина од 5 километри 3,5 Рихтер на фокусна длабочина од десет километри и 4,1 Рихтер исто така на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.

Силен земјотрес во Македонија: Граѓаните ноќта ја поминаа на улица

Земјотресот кој вечерва се случи на 5 км од Лерин, како и серијата од уште седум земјотреси што следеше потоа, ги вознемири...

Мате Парлоф / 10 јануари, 2022 6:05