Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските

ВЛАДАТА И МОН ПОВТОРНО ГИ ИЗВИСИЈА СТУДЕНТИТЕ

После вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број на студенти се соочија со здравствени...

Мате Парлоф / 29 декември, 2022 16:46

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право! Министерството...

Мате Парлоф / 6 мај, 2022 18:56

За оваа намена се издвоени 127,5 милиони денари од буџетот на Министерството. Дополнително, како што соопшти МОН, за уште седум договори во вредност од 53,7 милиони денари, се чека банкарска гаранција.

– Поконкретно, основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, општина Битола, со целосната реконструкција ќе добие нов изглед и одлични услови за изведување настава. Договорена е и изградба на објект за подрачното училиште во Лешница, општина Желино „Луис Ѓуракуќи“. За изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на објектот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница во општина Маврово-Ростуше се наменети 6,9 милиони денари, а реконструкцијата на фасадата и кровот како и санитарни јазли во основното училиште „Панко Брашнаров“ во Велес чинат 11,9 милиони денари, наведуваат од МОН.

Во Кочани, во основното училиште „Никола Карев“, посочија од Министерството, ќе се изврши реконструкцијата на кровот и фасадата, како и адаптација на тоалетите и изградба на пристапна рампа, додека музичкото училиште „Ристо Јуруков“ ќе добие тоалети за лица со посебни потреби а ќе биде реконструиран и кровот.

– Објектот на основното училиште „Карпош“ во Умин Дол, Куманово, ќе биде реконструиран и адаптиран, за што од буџетот на МОН се наменети 7,1 милион денари. Подобри услови за учење ќе добијат и основците од село Радибуш во општина Ранковце, каде ќе се изведе комплетна реконструкција на училишната зграда на „Х.Т. Карпош“, што не е обновена од изградбата, пред повеќе од половина век, се вели во соопштението.

Реконструкција на кров, додаваат, ќе се изврши на основното училиште „Св.Климент Охридски“ од општина Македонски Брод, а за училиштето „Симче Настовски“ од Вратница, општина Јегуновце, склучен е договор за реконструкција на кровот на стариот објект и на фасадата и котларата и на стариот и на новиот објект. Во општина Крушево, основното училиште „Никола Карев“ ќе добие реконструкција на кров и на фискултурна сала.

Реконструкција на подови, поставување на топлотна изолација на надворешна фасада, реконструкција на санитарни јазли и изградба на тоалет за лица со посебни потреби ќе се изведе во основното училиште „Димитар Поп Беровски” во општина Ѓорче Петров. Ќе се реконструира и објектот на основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода, а во општина Бутел ќе се изврши реконструкција на подот во фискултурна сала и на придружните простории во основното училиште „Живко Брајковски“.

И во средното општинско училиште во Куманово „Перо Наков“ ќе се изведе реконструкција и адаптација на столарија, термоизолација на фасада и адаптација на тоалети, за што од буџетот на МОН ќе се исплатат 10,5 милиони денари. Од Министерството велат дека ќе следи и рехабилитација на двете средни општински училишта „Јане Сандански“ од Битола и „Јовче Тесличков“ од Велес.

– Со околу една милијарда денари предвидени за капитални инвестиции во тековната 2021 година, МОН плански вложува во подобрување на условите за учење и работа на учениците и наставниците. При тоа, услов за да се добијат буџетски средства од МОН е објектот да е пристапен за лица со попреченост, или со проектот да се овозможува пристап, затоа што обезбедувањето квалитетно образование значи и обезбедување услови за инклузивно образование, се наведува во соопштението.

МОН: Над 181 милион денари за капитални инвестиции само во ноември и декември

Министерството за образование и наука (МОН) во последните два месеца инвестираше 181 милион денари во 24 училишта, соопшти МОН,...

Перо Милчин / 18 декември, 2021 13:24

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев посочи дека без квалитетна работна сила компаниите тешко можат да се борат со пребирливиот европски пазар.

Царовска: Дури 85 % од компаниите се подготвени да примаат ученици на практична настава

Со директорите на средните стручни училишта и претставниците на реалниот сектор и на општините Кочани и Виница разговаравме...

Перо Милчин / 23 февруари, 2021 5:54

Денеска е закажан состанок со наставниците, а задутре со членови на МАНУ.

Директорите на училиштата на средба со Царовска: Реформите се нужни, посветено ќе се вклучиме во нивната имплементација

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група со вчерашниот состанок...

Перо Милчин / 18 февруари, 2021 7:17

Учениците коишто не планираат да продолжат на факултет, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит.

МОН: Должни сме да обезбедиме матура, бојкотот неоправдан и на штета на матурантите

Министерството за образование и наука и Владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите...

Рејхан Бајрами / 31 јануари, 2021 16:52

Повеќе нема доцнењена исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото.

Целосно променет начин и забрзана динамика на исплата на ученичките и студентските стипендии

Во последниот квартал на 2020 година, Министерството за образование и наука изврши целосна промена на начинот и динамиката...

Рејхан Бајрами / 2 јануари, 2021 18:14

Министерството за образование и наука подготви презентација со појаснувања за некои од грижите коишто ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование.

Наставата во училиштето ја изведуваат компетентни наставници

Секоја новина предизвикува неизвесност од непознатото, така и најавата за воведување на целосно нова концепција за основно...

Перо Милчин / 22 декември, 2020 6:12