Обвинителот кажа дека не се изненадил од тоа што колегите го избрале за нов шеф на ОЈО ГОКК. Иако немал програма, вели дека постојано комуницирал со обвинители за им ја претстави неговата визија. Според него, начинот на кој бил избран преку непосредно гласање е токму за да биде отпорен на политички и бизнис влијанија, а како први приоритет ги најави екипирање на тимот во ОЈО ГОКК со нови обвинители, пополнување на празните места во Истражниот центар и дигитализација на обвинителството


По поминати околу една година како основен јавен обвинител во Кичево, во 2013 станува виш јавен обвинител во Гостивар. Работи околу пет години за потоа да стане и шеф на ова Вишо јавно обвинителство (ВЈО). По еден мандат на чело на ВЈО Гостивар од 2018 до 2022, Ислам Абази сега ќе се пресели на ново шефовско столче. Ќе ја наследи Вилма Русковска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) откако вчера со 66 гласа победи на непосредните избори на кои гласаа обвинителите од цела држава.

„Самите 66 гласаа кажаа за мојата кариера, за мојот професионален ангажман и за целокупното мое работење“,

вели Абази во коментар за брзиот напредок во кариерата.
Тој денеска за првпат излезе пред медиумите за да им заблагодари на колегите за довербата што ја добил откако претходно, барем за новинарите, важеше за непознат лик и не одговараше на повиците и прашањата во пресрет на изборите.


Неговото прво појавување предизвика и огромен интерес кај новинарите за кои неизбежно беше да го прашаат и дали има блиски релации со ДУИ и Али Ахмети, со кого потекнуваат од ист крај.


Голем интерес кај медиумите предизивка првото појавување на Абази како иден шеф на ОЈО ГОКК
„Не е точно. Јавнообвинителската функција е неспојлива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија. Никогаш сум бил ниту сум член на некоја политичка партија. Ниту пак во моето досегашното работење сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија“,

рече Абази.
На прашањето дали се сретнале некогаш со Ахмети тој одговори дека „можеби и се сретнале“, но лични контакти нема ниту со него ниту со друг функционер од ДУИ.

„Дружењето со такви личности не е забрането, тоа е непристојно дружење, а не е дека не смее“,

вели Абази.
Пред новинарите тој се пофали дека во досегашното работно искуство учествувал и во разни групи за донесување закони, подзаконски акти, пишување коментари за закони итн. А, дали некогаш анализирал зошто во 20-годишно владеење на една политичка партија, конкретно ДУИ, нема ниту еден случај на корупција кај повисок функционер, тој одговори дека таквите дела не биле негова надлежност.


„Јас не сум направил таква анализа, не сум работел во тоа обвинителство и некои кривични дела не биле во моја надлежност и не можам да кажувам за тие кривични дела. Тоа ќе кажат колегите кои имале допирни точни со таквите кривични дела“,

вели Абази.
Начинот на избор на шеф преку непосредно гласање, според него, овозможува шефот на ОЈО ГОКК да не потпаѓа под никакви надворешни влијанија, ниту политички ниту од бизнис и лоби групи.

Обвинителот кажа дека не се изненадил од тоа што колегите го избрале за нов шеф на ОЈО ГОКК. Иако немал програма, вели дека постојано комуницирал со обвинители за им ја претстави неговата визија.

„Јас иако немав програма како дел од колегите што доставија програма, бев во постојана комуникација со јавните обвинители и им ја изложував мојата визија и програма како ќе биде и како ќе раководам со ова јавно обвинителство. Јас како обвинител сум почнал во ОЈО Кичево, потоа пет години бев јавен обвинител во Вишо и четири години сум раководител на тоа ВЈО Гостивар каде сме решавале голем број на сериозни предмети за сериозни кривични дела. Имајќи го предвид моето досегашно работно искуство, ми претставува предизвик да раководам со ова обвинителство“,

рече Абази.
За поддршката вели, говори и тоа што добил гласови од обвинители од сите подрачја во државата, а првото нешто што ќе го направи кога ќе ја преземе функцијата во ОЈО ГОКК е што ќе се запознае со состојбите во обвинителството и приоритет ќе даде на пополнување на празните места со нови обвинители, како и слободните места во Истражниот центар и воведување дигитализација.

„Освоените 66 гласа се голема одговорност за мене и мотив јас колку што можам подобро и професионално да раководам со ова јавно обвинителство кое е најважно бидејќи во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција“,

смета новиот шеф на ОЈО ГОКК.
Конкретни предмети не сакаше да коментира, ниту пак, да каже дали ќе преземе да ги води истрагите што досега ги водеше Русковска.

Неблагодарно е да коментирам за предмети, вели тој и додава дека прво ќе побара од колегите да го запознаат со сите предмети што се од интерес на јавноста, случаите каде е одредени притвор, како и старите и нерешени предмети.

Пред новинарите не сакаше да посочи ниту пример за предмет со кој работел досега бидејќи како што рече, денеска е тука да разговара за идниот ангажман, а за досегашното работење во Гостивар ги упати новинарите да се обратат до прес-службата на обвинителство. Кратко само посочи дека работеле на сериозни кривични дела во предмети каде била определувана и доживотна казна затвор.

Новиот обвинител: Дружењето со личности како Ахмети не е забрането

Обвинителот кажа дека не се изненадил од тоа што колегите го избрале за нов шеф на ОЈО ГОКК. Иако немал програма, вели дека...

admin@magazin / 8 ноември, 2022 17:11

Денеска за првпат македонските обвинители со гласање ќе изберат шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Ова гласање ќе се спроведе според Законот за јавното обвинителство, а право на глас имаат сите јавни обвинители во Македонија.


Гласањето ќе се спроведе во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија.Резултатите од гласањето ќе ги објави Советот на јавни обвинители.

За првпат, согласно новиот Закон за јавното обвинителство, изборот за основен јавен обвинител на тоа обвинителство се врши со гласање на сите јавни обвинители во државата, им напиша на своите колеги јавниот обвинител Љубомир Јовески. Во отвореното писмо до колегите, во петокот Јовески напиша дека ваквиот начин на избор дава можност директно да се влијае на подобрување на состојбите во Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е важен дел од обвинителската структура, а функцијата прв човек на ова обвинителство е моќна, но и многу одговорна. За изборот се пријавија четворица јавни обвинители. Сакам да ве повикам сите слободно и растоварено од какви било влијанија и притисоци да го дадете својот глас за оној кандидат кој има најдобра програма и визија за идното функционирање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Уверен сум дека секој од вас поединечно ќе знае да го направи вистинскиот избор, а сите заедно како јавни обвинители ќе покажеме дека имаме јасна цел за независна и силна јавнообвинителска организација“, напиша Јовески.

Кандидати за шеф на ОЈО ГОКК се досегашната шефица Вилма Русковска (која е суспендирана), Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска. Мандатот на Рускоска трае до 14 ноември, а обвинителот Трајче Пеливанов е назначен за привремен шеф од 29 август.

Денеска 163 обвинители ќе изберат шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Денеска за првпат македонските обвинители со гласање ќе изберат шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал...

Перо Милчин / 7 ноември, 2022 7:11

Со тоа, Јовески практично вети дека ќе го доврши не/делото на првостепено осудената Катица Јанева.

Јовески даде ветување дека ќе го доврши делото на Катица Јанева!

Денеска стапува во сила новиот Закон за јавно обвинителство.Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување...

Катерина Крстиќ / 30 јуни, 2020 11:32

Како што пишува Фокус, овие надоместоци понекогаш биле во висина колку и нивната редовна плата.

СКАНДАЛ: Обвинителките од СЈО добивале висок надоместок за да молчат

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале надоместок поради доверливоста...

Катерина Крстиќ / 22 септември, 2019 17:56

Опозицијата да предлага државен јавен обвинител !

(видео) Пратеничката Ременски: Опозицијата да предлага државен јавен обвинител !

  Ветувањата од предизборната кампања на СДСМ веќе не важат. Во кампањата СДСМ ветуваше дека доколку дојдат на власт предлогот...

Узунов Бобан / 16 септември, 2019 14:13

Стефанова да биде изземена од „Титаник“ поради притворот на Јанева

Адвокатот Дангов пред судот: Стефанова да биде изземена од „Титаник“ поради притворот на Јанева

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара обвинителката Лиле Стефанова да биде...

Узунов Бобан / 23 август, 2019 11:31

Обвинителот Рустеми знае многу за случајот со фирмата “Дрим Билдинг“ која платила рекет од 233.000 евра на Боки Тредичи

Обвинителот Рустеми може да биде еден од клучните сведоци за вмешаноста на Катица во “Рекет“

Магазин дојде до документи кои откриваат многу детали за случајот на плаќање “Рекет“ од 233.000 евра од фирмата “Дрим Билдинг“,...

Данаил Михајловски / 16 август, 2019 12:20

„Можам да ви кажам дека снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство“, вели Јовески.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески: “Снимката не е извор од Обвинителството”

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески тврди дека денешната снимка што ја објави италијанскиот весник „Ла верита“,...

Рејхан Бајрами / 8 август, 2019 12:06