Пред една недела МВР ја тресеше Онкологија, но и станови на вработени, трагајќи по докази за криминал со цитостатици. За скандалот кој ја потресе јавноста и предизвика лавина реакции, засега нема информации од истражните органи кој, како и кога манипулирал со терапијата на болните на Клиниката и потоа ја препродавал на црниот пазар.

Граѓаните бараат одговор: Вмешана ли е и поранешна директорка во скандалот со Онкологија?

Обвинителството да отвори истрага дали и поранешна директорка на Онкологија која се уште работи на оваа Клиника е вмешана...

Мате Парлоф / 10 септември, 2023 20:17

„До нас, како неформална организација, пристигнаа информации од пациенти кои биле уценувани да го купат лекот на приватно за да добијат потпис од директорот на Онкологија. Како што констатира и ревизијата на Клиниката за онкологија, за време на директорот Нино Васев немало никакви критериуми кој пациент да го добие лекот и единствено кој одлучувал бил токму директорот Васев. Сведоштва на пациенти говорат дека голем број биле оставени на милост и немилост од потписот на Нино Васев.
Според нашите информации, во шемата каде пациентите плаќале и до 4.000 евра лек, била инволвирана и поранешна директорка на Клиниката за Онкологија. Оваа директорка во минатото добила кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“ поради предизвикана штета на Клиниката за онкологија од неколку милиони евра. Најстрашното е што токму оваа директорка сеуште работи на Клиниката за Онкологија!‼️Бараме Основното јавно обвинителство на чело со Јовевски да обзнани дали воопшто истрагата за поранешната директорка резултирала со судска пресуда, како и да се отвори истрага за овие наводи кои пристигнаа до нас. Исто така, го повторуваме нашиот ултиматум во рок од една недела ОЈО да излезе со детали до каде е истрагата, со цел повторно одредени партиски ликови да не бидат заштитени од кривичен прогон.
Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протестот во понеделник, кој ќе се одржи од 18 часот пред Влада“, стои во објавата на Организацијата Протест против убиството на онкологија.

Организацијата Протест против убиството на онкологија: Дали поранешна директорка на онкологија е дел од шемата за крадење лекови?

Дали поранешна директорка на онкологија е дел од шемата за крадење лекови, е прашањето кое денеска преку социјалната мрежа...

Катерина Крстиќ / 9 септември, 2023 18:58

Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, граѓаните ја загубија довербата, која може да се поврати само ако целосно се расветли случајот и има одговорност!

Пановски: МВР и ОЈО требаше порано да влезат на Онкологија

Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, рече во „Вести Плус“ врвниот микробиолог др. Никола...

Катерина Крстиќ / 7 септември, 2023 21:36

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека...

admin@magazin / 6 септември, 2023 12:20

Одговорните имаат име и презиме! Вклучените на било кој начин во овој мега скандал треба да одговараат политички, но и кривично. Мора да има разрешница и да се стави крај на расипничкото владеење кое чини човечки животи.

Одговорните за Онкологија имаат име и презиме: Беким Сали, Фатмир Меџити, Венко Филипче и Арбен Таравари

Скандалот на Клиниката за онкологија не е од вчера. Се предупредуваше, но им требаше многу време на надлежните да реагираат. Пропустите,...

Едмонд Бекири / 5 септември, 2023 9:36

Директорката на Онкологија апелира до органите на прогонот да кажат конкретни имиња

КАЖЕТЕ ГИ ВИНОВНИЦИТЕ, НЕ МОЖЕ СИТЕ КОЛЕКТИВНО ДА БИДЕМЕ ЖИГОСАНИ! Директорката на Онкологија апелира до органите на прогонот да кажат конкретни имиња

Замолуваме час поскоро надлежните органи, да донесат одлука, ако има виновници, да ги именуваат. За нашата клиника ова е од...

Едмонд Бекири / 8:56

Според вработената на Онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пациентите во ноќната смена, а скапите терапии за рак, според неа, се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

На Онкологија се препродаваат лекови, тврди вработена на клиниката

Жена вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија во изјава за „Алсат“ сведочи дека пациентите биле манипулирани...

admin@magazin / 3 ноември, 2022 6:04

Од Општина Центар наведоа дека со најголеми желби за побрзо оздравување, Богдановиќ и Ангелов, се дружеле и разговарале со дечињата.

Дедо Мраз им донесе новогодишни пакетчиња на дечињата на Клиниките за детски болести и за онкологија

Со помош на Дедо Мраз од Тимот за спасување на планина на Црвен крст на Град Скопје, кој со јаже се спушти по фасадата на Клиниката...

admin@magazin / 20 декември, 2018 19:45